If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
[google-translator]
Општина Радовиш | Статут
7372
page,page-id-7372,page-template-default,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

СТАТУТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ

 

 

ОСНОВНИ ОДРЕДБИ
Член 2
Граѓаните на Република Македонија кои имаат постојано место на живеење на подрачјето на општината, се жители на општина Радовиш.
Подрачјето на општината е утврдено со закон и ги опфаќа подрачјето на, градот Радовиш и населените места: Али Коч, Бучим, Воиславци, Дамјан, Ињево, Калузлија, Козбунар, Коџалија, Ораовица, Погулево, Прналија, Раклиш, Сулдурци, Супурѓе, Тополница, Шипковица, Штурово, Калуѓерица, Алилобаси, Држанци, Дурутлија, Каралобаси, Караџалар, Ќоселија, Саригол, Худаверлија, Чешме Маале, Ново Село, Шаинташ и Папавница.
Член 3
Општината е правно лице.
Член 4
Седиштето на општината е во Радовиш, бул.”Александар Македонски”, бб.
Член 5
Општината има право на сопственост.
Член 6
Општината има грб.
Грбот е составен од три дела: круна, штит и бандерола, во кои доминираат темно-зелената, златно-жолтата, црната и сината боја. Оваа комбинација на бои го симболизира поднебјето со богатството на природните ресурси и плодноста на земјата, воедно природно богатство со присуството на бакарот и златото.
Во дијагонала од горниот десен агол кон долниот лев дел се протега светло-сина лента, а во средината на штитот доминираат два тутунови листа во жолто-златна боја порабени со црна линија. Во горниот лев агол во жолто-златна боја е сместен симболот на рударството: вкрстени чекан и длето.
Круната ја изразува историската традиција на Радовиш, односно, легендата за кралицата (кнегината Рада од словенско-македонско потекло), која живеела во стариот средновековен град чии рушевини се’ уште се наоѓаат во горниот тек на Стара река, а којшто името го добил по името на оваа кнегина.

На долниот дел од грбот, под штитот се наоѓа бандерола (лента), во темно-зелена боја со жолто-златни рабови на која, со стилизирани букви, е испишано името Радовиш, а е одвоено со точка и продолжува со годината 1019, односно годината од кога датира првиот историски запис за постоењето на Радовиш.

Член 7
Општината има знаме.
Знамето на општина Радовиш е во темно-зелена боја, исто како основата на грбот порабен со жолта-златна лента, а на средината од знамето е сместен грбот на општината, без бандерола. Од двете страни на грбот стои испишано: од левата страна “општина“, а од десната страна “Радовиш“.

Член 8
Општината има печат со тркалезна форма со пречник од 4 (четири) сантиметри, во чија средина се наоѓа грбот на општината и на чии рабови е испишано: “Република Македонија – Општина Радовиш”.
Печатот што го употребува Советот на општината, во вториот ред има натпис: “Совет на општина”.
Печатот што го употребува градоначалникот, во вториот ред има натпис: “Градоначалник”.

Член 9
Празник на општината е Шести ноември (1944г.) – ден на ослободувањето на Радовиш од фашистичките окупатори.

Член 10
Во општината се востановуваат општински признанија и награди.

Член 11
Општината може, со одлука донесена од страна на Советот на општината, да се здружува во здруженија во согласност со закон.

Член 12
Општината соработува со другите општини во Републиката, со единици на локални самоуправи на други земји, како и со меѓународни организации на локалните заедници, а може да членува во меѓународни организации на локалните власти.
Општината, заради остварување на заеднички интереси и вршење на заеднички работи од нивна надлежност, може со други општини во Републиката да здружува средства и да формира заеднички јавни служби, во согласност со закон.

Член 13
Органите на општината, како и телата на Советот и јавните служби се должни да ги информираат граѓаните за својата работа и плановите за развој, како и да им овозможат пристап до информациите на начин уреден со овој Статут.

НАДЛЕЖНОСТ НА ОПШТИНАТА
Член 14
Општината, самостојно во рамките на законот и овој Статут ги уредува и врши работите од јавен интерес од локално значење утврдени со законот за локална самоуправа, или друг закон, како и работите кои не се исклучени од нејзина надлежност, или не се во надлежност на органите на државната власт.

Член 15
Општината е надлежна за вршење на следните работи:
1. Урбанистичко (урбано и рурално) планирање, издавање на одобренија за градење на објекти од локално значење утврдени со закон, уредување на просторот и уредување на градежното земјиште;
2. Заштита на животната средина и природата, во смисла на преземање на мерки за заштита и спречување од загадување на водата, воздухот, земјиштето, заштита на природата, заштита на бучава и нејонизирачко зрачење;
3. Локален економски развој во смисла на планирање на локалниот економски развој, утврдување на развојните и структурните приоритети; водењето на локалната економска политика; давањето поддршка на развојот на малите и средните претпријатија и на претприемништвото на локално ниво и во тој контекст, учествува во воспоставувањето и развојот на локалната мрежа на институциите и агенциите и во промовирањето на партнерството;
4. Комунални дејности во смисла на снабдувањето со вода за пиење; испораката на технолошката вода; одведувањето и пречистувањето на отпадните води; одведувањето и третманот на атмосферските води; јавното осветлување; одржувањето на јавната чистота; собирањето, транспортирањето и постапувањето со комуналниот цврст и технолошки отпад; уредувањето и организирањето на јавниот локален превоз на патници; снабдувањето со природен гас и топлинска енергија; одржувањето на гробовите, гробиштата, крематориумите и давањето на погребни услуги; одржувањето, реконструкцијата и заштитата на локалните патишта, улици и други инфраструктурни објекти; регулирањето на режимот на сообраќајот; изградбата и одржувањето на уличната сообраќајна сигнализација; изградбата и одржувањето на јавниот простор за паркирање; отстранувањето на непрописно паркираните возила; отстранување на хаварисаните возила од јавните површини; изградбата и одржувањето на пазарите; чистењето на оџаците; одржувањето и користењето на парковите, зеленилото, парк-шумите и рекреативните површини; регулацијата, одржувањето и користењето на речните корита во урбанизираните делови; определување на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти.
5. Култура, во смисла на институционална и финансиска подршка на културните установи и проекти; негувањето на фолклорот, обичаите, старите занаети и слични културни вредности, организирањето културни манифестации; поттикнувањето на разновидни специфични форми на творештво;
6. Спорт и рекреација, во смисла на развојот на масовниот спорт и рекреативните активности со организирање на спортски приредби и манифестации, одржување и изградба на објекти за спорт и поддршка на спортските сојузи;
7. Социјална заштита и заштита на деца, во смисла на финансирање, инвестиции, одржување и сопственост на детски градинки и домови за стари, остварување на социјална грижа за инвалидни лица, деца без родители и родителска грижа со воспитно-социјални проблеми, со посебни потреби, од еднородителски семејства, како и деца од улици, лица изложени на социјален ризик засегнати со злоупотреба на дрога и алкохол, подигање на свеста на населението, домување на лица со социјален ризик, остварување на право и воспитување на деца од предучилишна возраст;
8. Образование, во смисла на основање, финансирање и администрирање на основни и средни училишта во соработка со централната власт, во согласност со закон, како и организирање на превоз и исхрана на ученици и нивно сместување во ученички домови;
9. Здравствена заштита, во смисла на управување со мрежата на јавни здравствени организации и објекти од примарната здравствена заштита кои треба да вклучат застапеност на локалната самоуправа во сите одбори на сите здравствени организации во јавна сопственост, здравственото воспитување, унапредување на здравјето, превентивни активности и други области кои ќе бидат утврдени со закон;
10. Спроведување на подготовките и преземање на мерки за заштита и спасување на граѓаните и материјалните добра од воени разурнувања, природни непогоди и други несреќи и од последиците предизвикани од нив;
11. Противпожарна заштита вршена од територијалната противпожарна единица;
12. Надзор над вршењето на работите од надлежност на општината, и
13. Други работи определени со закон.

Член 16
Работите од членот 15 на овој Статут, се уредуваат со прописи на Советот на општината во согласност со постапките и стандардите утврдени со закон.
Работите од членот 15 на овој Статут, кои задолжително ќе ги извршува општината, ќе бидат определени со посебните закони и национални програми.

Член 17
Работите кои не се исклучени од надлежност на општината, или не се во надлежност на органите на државната власт се определуваат со одлука на Советот на општината.
Со одлуката од став 1 на овој член се уредува начинот и постапката за вршење на тие работи.

ОРГАНИЗАЦИЈА И РАБОТА НА ОРГАНИТЕ НА ОПШТИНАТА
1. Совет на Општина

Член 18
Советот на Општината е претставнички орган на граѓаните.
Советот на Општината го сочинуваат 19 претставници на граѓаните избрани на општи, непосредни и слободни избори со тајно гласање.
Мандатот на членовите на Советот трае 4 (четири) години.
Членот на Советот не може да биде отповикан.

Член 19
Советот на Општината избира претседател од редот на членовите на Советот, со мандат од четири години.
Претседателот на Советот ги свикува и раководи со седниците на Советот на Општината, се грижи за организацијата и работата на Советот и ги потпишува прописите што ги донел Советот и во рок од 3 (три) дена од денот на нивното донесување ги доставува на градоначалникот заради објавување.

Член 20
Членовите на Советот даваат и потпишуваат свечена изјава која гласи:
“Јас (име и презиме) свечено изјавувам дека правата и должностите на член на Советот ќе ги вршам совесно и дека при нивното вршење ќе ги почитувам Уставот, законите и прописите на Советот и дека ќе го штитам уставниот поредок на Република Македонија.”

Член 21
Советот на Општината ги врши следните работи:

1. Донесува Статут на Општината;
2. Донесува Деловник на Советот;
3. Донесува Програма за работа;
4. Донесува Буџет на Општината и Годишна сметка на Општината;
5. Ја утврдува висината на стапките на даноците и висината на надоместоците и таксите;
6. Донесува Генерален урбанистички план;
7. Донесува детални урбанистички планови и урбанистичка документација на населено место во Општината;
8. Донесува Програма за уредување на градежно земјиште;
9. Донесува Програма за одржување на сообраќајната сигнализација;
10. Донесува Одлука за регулирање на режимот на сообраќајот;
11. Донесува прописи од областа на заштитата на животната средина и природата, локалниот економски развој, културата, спортот и рекреацијата, социјалната заштита и заштита на децата, образованието, здравствената заштита, противпожарната заштита, во рамките на надлежноста определена со посебен Закон или во согласност со национална програма;
12. Донесува програма за изградба и одржување на локални патишта и улици;
13. Донесува Програма за јавно осветлување;
14. Донесува Програма за изградба, реконструкција и одржување на локални водоводи;
15. Донесува Програма за одржување на јавна чистота;
16. Донесува Програма за одржување и користење на парковите и други јавни површини од локално значење;
17. Донесува програма за одржување на гробиштата;
18. Донесува програма за одржување и користење на реките во урбанизирани подрачја;
19. Донесува Одлука за јавна чистота;
20. Донесува Одлука за начинот на превоз во градскиот и приградскиот сообраќај;
21. Донесува Одлука за одржување и користење на јавните пазаришта;
22. Донесува Одлука за начинот на користење и одржување на гробиштата;
23. Го уредува начинот на чистењето на оџаците;
24. Го уредува одржувањето на јавниот простор за паркирање и начинот на неговото користење;
25. Определува имиња на улици, проштади, мостови и други инфраструктурни објекти од локално значење;
26. Ја утврдува организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на општинска администрација, на предлог на градоначалникот;
27. Основа јавни служби и врши надзор над нивната работа;
28. Именува членови во управните одбори на јавните служби, кои ги основал;
29. Усвојува програми за работа и финансиски планови за финансирање на јавните служби кои ги основал;
30. Одлучува за давање дозвола за вршење дејност од јавен интерес од локално значење, во согласност со Закон;
31. Ги усвојува извештаите за работа и годишните сметки на јавните служби, кои ги основал;
32. Одлучува за начинот на располагање со сопственоста на Општината;
33. Одлучува за начинот на вршење на финансиска контрола на Буџетот на општината, во согласност со закон;
34. Го избира лицето кое раководи со подрачната единица на Министерството за внатрешни работи во Општината, во согласност со закон;
35. Го разгледува и усвојува годишниот извештај на јавната безбедност на подрачјето на Општината, и го доставува до министерот за внатрешни работи и народниот правобранител;
36. Може да дава препораки на раководното лице на подрачната единица на Министерството за внатрешни работи од областа на јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот;
37. Избира и разрешува претседател на Советот;
38. Формира постојани и повремени комисии;
39. Врши одделни овластувања во согласност со закон врз добрата од општа употреба и врз природните богатства на подрачјето на Општината;
40. Востановува општински награди и признанија;
41. Дава мислење по предлог законите кои се однесуваат на Општината;
42. Врши избори и именувања од своја надлежност;
43. Донесува други одлуки за работите од своја надлежност;
44. Врши и други работи.

Член 22
Советот на Општината одлучува со мнозинство гласови од присутните членови на Советот, ако со Статутот не е предвидено посебно мнозинство.
Гласањето на седниците на Советот е јавно, освен ако Советот не одлучи за одделни прашања гласањето да е тајно.

Член 23
Секретарот на Советот на општина Радовиш и Главниот архитект на градот, продолжуваат да ги вршат работите до завршувањето на мандатот за кој се избрани, именувани.

Член 24
Вонредна седница се свикува за прашања од значење за безбедноста и сигурноста на граѓаните, за прашања кои настанале поради вонредни околности (пожар, поплави, земјотреси и сл.) и при посета на делегации од други земја кога истите сакаат да се обратат на членовите на Советот.

Член 25
Вонредната седница ја свикува претседателот на Советот по сопствена иницијатива, а на предлог на најмалку 1/3 од членовите на Советот, или на предлог на градоначалникот.
Поканата за седница со предложениот Дневен ред се доставува до членовите на Советот на најбрз можен начин.
Пред отпочнување со работа членовите на Советот гласаат за оправданоста на причините за свикување на седницата без материјална расправа.

Член 26
За претресување на прашања од своја надлежност Советот формира комисии.
Комисиите на Советот се формираат како постојани и повремени.
Мандатот на постојаните комисии трае колку и мандатот на членовите на Советот.

Член 27
-Постојани комисии на Советот се:
-Комисија за мандатни прашања, избори и именувања;
-Комисија за Статут и прописи;
-Комисија за финансирање, Буџет и локален економски развој;
-Комисија за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина;
-Комисија за култура, образование и спорт;
-Комисија за здравство и социјална заштита;
-Комисија за јавна безбедност, безбедност во сообраќајот и противпожарна заштита;
-Комисија за награди и признанија;
-Комисија за месна самоуправа и граѓански иницијативи и
-Комисија за земјоделие.

Член 28
Комисиите се составени од по 5 членови на Советот.

Член 29
Комисиите на Советот на Општината:
– расправаат за прашања од областа за која се формирани;
– даваат мислења и предлози до Советот;
– ги разгледуваат предлозите на Градоначалникот, членовите на Советот, како и иницијативите на граѓаните од областите за кои се формирани.

Член 30
Комисијата за мандатни прашања, избори именувања разгледува и подготвува предлози кои се однесуваат на мандатно-имунитетните прашања:

– Разгледува и подготвува предлози за избор и именување и разрешување од надлежност на Советот на Општината;
– Определува плати, надоместоци и други примања на избрани и именувани лица;
– Дава предлог за висината на надоместоткот на патните и дневните трошоци на членовите на Советот на Општината, како и на трошоци направени во извршувањето на задачите што им ги доверил Советот на Општината.
Претседателот и членовите на Комисијата ги избира Советот на Општината на својата прва седница.

Член 31
Комисијата за Статут и прописи го утврдува предлогот на Статутот на општината, ги разгледува иницијативите и предлозите за измена на Статутот, ја следи неговата примена и ги разгледува начелните прашања од статутарен карактер.
Го утврдува предлогот на Деловникот на Советот.
Подготвува предлог мислења по предлог-законите кои се однесуваат на општината.
Разгледува и други општи акти од надлежност на Советот на Општината.

Член 32
Комисијата за финансирање, Буџет и локален економски развој ги разгледува прашањата во врска со финансирањето на Општината, Буџетот и годишната сметка, како и прашањата од планирањето и програмирањето на локалниот економски развој.

Член 33
Комисијата за урбанизам, комунални дејности, заштита на животната средина и природата ги разгледува прашањата од урбанистичкото планирање, прашањата од работата на јавните служби, прашањата од комуналното уредување на градот и населените места и прашањата од заштита на животната средина и природата.

Член 34
Комисијата за култура, образование и спорт ги разгледува прашањата од надлежност на општината, а кои се однесуваат на културата, образованието, спортот и рекреацијата.

Член 35
Комисијатаа за здравство и социјална заштита ги разгледува прашањата од надлежност на општината, а кои се однесувааат на здравството, социјалната заштита и заштитата на децата.

Член 36
Комисијата за јавна безбедност и безбедноста во сообраќајот и противпожарната заштита, ги разгледува прашањата од надлежност на општината, а кои се однесуваат на јавната безбедност, безбедноста во сообраќајот и противпожарната заштита.

Член 37
Комисијата за награди и признанија утврдува предлог за доделување на општински награди и признанија.

Член 38
Комисија за месна самоуправа и граѓански иницијативи го разгледува функционирањето на облиците на месна самоуправа и нивните органи, програмите за работа и други прашања врзани со работата на облиците на месната самоуправа, како и поднесените иницијативи од граѓани, до Советот на општина Радовиш.

Член 39
Комисијата за земјоделие ги разгледува прашањата од областа на земјоделието.

Член 40
Претседателот и членовите на комисиите ги избира Советот на општината на предлог на Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања.
Предлогот за избор содржи толку кандидати колку што се избираат членови на работните тела.
Политичките партии кои партиципираат во Советот на општината ќе бидат пропорционално застапени во вкупниот број на членови на сите комисии.

Член 41
Начинот на работа на комисиите поблизу се утврдува со Деловникот на Советот на општината.

Градоначалник на Општината

Член 42
Градоначалникот ја претставува и застапува општината.
Градоначалникот се избира на општи, непосредни и слободни избори со тајно гласање во согласност со закон за период од 4 (четири) години.
Градоначалникот својата функција ја извршува професионално.

Член 43
Градоначалникот во рамките на своите надлежности:

1. Иницира и предлага донесување на прописи од надлежност на Советот на општината;
2. Го обезбедува извршувањето на работите кои му се делегирани од органот на државната управа;
3. Го предлага годишниот буџет и годишната сметка на Буџетот на општината;
4. Го извршува Буџетот на општината;
5. Избира директори на јавните служби кои ги основала општината, врз основа на јавен конкурс;
6. Редовно го известува Советот за извршувањето на своите надлежности во согласност со статутот;
7. Решава во управни работи за права, обврски и интереси на правни и физички лица, во согласност со закон;
8. Раководи со општинската администрација;
9. Донесува правилник за систематизација на работните места на општинската администрација;
10. Одлучува за вработувањето, правата, должностите и одговорностите на вработените во општинската администрација, доколку поинаку не е определено со закон;
11. Обезбедува правилно и зконито користење,одржување и заштита на сопственоста на општината, во согласност со закон и статутот и
12. Врши и други работи утврдени со закон и со овој Статут.

Градоначалникот има право да присуствува и учествува во работата на седниците на Советот.

Член 44
Градоначалникот ги објавува прописите на Советот во “Службен гласник на општината Радовиш”.
Градоначалникот го обезбедува извршувањето на одлуките на Советот.

Член 45
Градоначалникот е должен во рок од 7 (седум) дена од денот на доставувањето на прописот на Советот со решение да го запре неговото објавување доколку смета дека е во несогласност со Уставот и законите.
Примерок од образложеното решение за необјавување се доставува до претседателот на Советот на општината.
Советот е должен, во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето на решението да го разгледа и да одлучи по него.
Ако Советот го потврди прописот, или не расправа во рокот од ставот 3 на овој член, градоначалникот е должен да го објави прописот и истовремено да поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на уставност и законитост на оспорениот пропис пред Уставниот суд на Република Македонија.
За иницијативата, градоначалникот е должен да го информира Министерството надлежно за вршење на работите што се однесуваат на локалната самоуправа.

Член 46
Градоначалникот е должен да поднесе извештај за извршување на одлуките донесени од страна на Советот на секои 3 (три) месеци во текот на годината.
За извршување на своите надлежности, по потреба градоначалникот го информира Советот, а најмалку 2 (два) пати во годината.

Член 47
Градоначалникот управува со сопственоста на општината како добар домаќин.
Во управувањето со сопственоста на општината, градоначалникот е должен да превзема мерки и да го обезбедува користењето на сопственоста во согласност со закон.

Член 48
За време на спреченост, или отсуство до шест месеци, градоначалникот го заменува член на Советот на општината кој го назначува градоначалникот.
Во рок од 30 (триесет) дена од денот на преземањето на функцијата градоначалникот е должен со решение да го определи членот на Советот кој би го заменувал.
Решението од став 2 на овој член се објавува во “Службен гласник на општината Радовиш”.
За денот на настапувањето на спреченоста, или отсуството градоначалникот го информира претседателот на Советот.
На членот на Советот му мирува функцијата член на Совет за времето кога го заменува градоначалникот.

Совет за заштита на потрошувачите

Член 49
Советот на општината за разгледување на прашања и утврдување предлози кои се однесуваат на квалитетот на услугите на јавните служби основани од него, може да формира Совет за заштита на потрошувачите.

Член 50
Советот за заштита на потрошувачите е составен од 7 (седум) члена, од кои 3 (три) члена се избираат од редот на правните лица и 4 (четири) члена од редот на физичките лица како корисници на услугите што ги даваат јавните служби.
Членовите на Советот за заштита на потрошувачите се избираат на предлог на Комисијата за мандатни прашања, избори и именување.
Мандатот на членовите трае 2 (две) години со можност повторно да бидат избрани.

Член 51
Советот за заштита на потрошувачите ја следи состојбата на квалитетот на услугите што ги даваат јавните служби, дава мислења и предлози за подобрување на квалитетот на услугите; организира јавни трибини; соработува со јавните служби и општинската администрација.

АКТИ НА ОРГАНИТЕ НА ОПШТИНАТА
а) Општи акти

Член 52
Статутот е основен акт на општината со кој се утврдуваат основите прашања во врска со надлежностите и организацијата на Општината и други прашања од значење за општината.
Статутот на општината се донесува во две фази и тоа како Нацрт-Статут и Предлог-Статут.
Статутот на општината го донесува Советот со мнозинство гласови од вкупниот број членови на Советот на општината.

Член 53
Советот на општината донесува Деловник на Советот, одлуки, планови и програми, решенија, заклучоци и други акти и дава мислење и утврдува насоки.

Член 54
Со Деловникот на Советот се уредува начинот на работа на Советот и неговите комисии, постапките за одлучување и односите со другите органи.
Деловникот на Советот на општината се донесува со мнозинство гласови од вкупниот број на членови на Советот на општината.

Член 55
Со одлука на Советот се уредуваат работите од локално значење од надлежност на општината.
Со одлука на Советот на општината, се основа општинска администрација и се уредува начинот на нејзиното работење и се основаат јавни служби.
Со одлука, Советот уредува и други прашања од своја надлежност.

Член 56
Советот донесува заклучоци кога разгледува пооделни извештаи, информации и анализи.
Советот дава мислење и утврдува насоки за извршување на прописите и другите акти што ги донесува Советот на општината.

Член 57
Постапката за донесување на општи акти се уредува со Деловникот на Советот на општината.
Општите и други акти се објавуваат во “Службен гласник на општината Радовиш”.
Општите акти стапуваат во сила 8 (осмиот ) ден од денот на објавувањето, а по исклучок што го утврдува Советот на општината со денот на објавувањето.

б) Поединечни акти

Член 58
Советот и градоначалникот во рамките на својата надлежност донесуваат поединечни акти.
Советот донесува решенија за избор и именување.
Градоначалникот на општината донесува решение.

Член 59
Градоначалникот на општината е должен во рок од 7 (седум) дена од денот на доставувањето на актите да ги објави во “Службен гласник на општина Радовиш”.

Член 60
За објавените акти се води посебна збирка.
Збирката може да ја користат граѓаните и истата ќе биде во секое време на увид.

ОБЛИЦИ НА НЕПОСРЕДНО УЧЕСТВО НА ГРАЃАНИТЕ ВО ОДЛУЧУВАЊЕТО ВО ОПШТИНАТА

а) Граѓанска иницијатива

Член 61
Граѓаните имаат право да му предложат на Советот на општината да донесе одреден акт, или да реши одредено прашање од својата надлежност.
Советот е должен најдоцна во рок од 90 дена по доставување на иницијативата да расправа по истата, ако неа ја поддржале најмалку 10% од избирачите во општината, односно на месната самоуправа на која се однесува определеното прашање.
Подршката од став 2 од овој член се обезбедува со потписи на граѓаните.
За одлуката по поднесената иницијатива Советот ги информира граѓаните.
Граѓанска иницијатива не може да се поднесе за кадровски и финансиски прашања.

б) Собир на граѓани

Член 62
Собир на граѓани свикува градоначалникот по своја иницијатива на барање на Советот, или на барање од најмалку 10% од избирачите на општината, или на месната самоуправа на која се однесува определеното прашање. Граѓанска иницијатива не може да се поднесе за кадровски и финансиски прашања.
Собир на граѓани може да се свика за подрачјето на целата општина, или за подрачјето на месната самоуправа.
Градоначалникот е должен во рок од 30 дена да свика Собир на граѓани на барање од најмалку 10% од избирачите во општината, или месната самоуправа за која се однесува определеното прашање.
Барањето за свикување Собир на граѓани со потписи на заинтересираните граѓани се поднесува до градоначалникот.
Актот за свикување на собирот на граѓани се објавува во локалните средства за информирање и се истакнува на јавни места, на вообичаен начин.
Од денот на објавувањето, односно истакнувањето на актот за свикување на Собирот на граѓани до денот на неговото одржување мора да изминат најмалку 5 дена.

Член 63
На Собирот на граѓани во одлучувањето учествуваат граѓаните кои имаат избирачко право.
Собирот на граѓани го води градоначалникот, или лице што ќе го овласти градоначалникот.
За прашањата за кои се расправа на Собирот на граѓани известува градоначалникот, а по потреба и други овластени претставници на органите на општината.

Член 64
Заклучоците донесени на собирот на граѓани, органите на општината се должни во рок од 90 дена да ги разгледаат и да ги земат предвид при одлучувањето и донесувањето мерки по прашањата на кои се однесуваат, како и да ги информираат граѓаните за своите одлуки.

в) Референдум

Член 65
Референдум може да распише Советот на општината по своја иницијатива за прашања од негова надлежност.
Советот е должен да распише Референдум на барање од најмалку 20% од избирачите на општината.
Барањето за распишување на Референдум се доставува до Советот на општината со потписи на заинтересираните избирачи дадени пред надлежниот орган кој води евиденција за избирачкото право на граѓаните на општината.

Член 66
По барањето за распишување Референдум, Советот на општината во рок од 60 дена од денот на поднесувањето донесува Одлука за распишување Референдум.
Одлуката за распишување Референдум содржи предмет на Референдумот и денот на неговото одржување.

Член 67
Одлуката за распишување Референдум се објавува во “Службен гласник на општината” и други средства за објавување во општината.
Од денот на објавувањето на Одлуката за распишување на Референдумот до денот на одржувањето на референдумот не може да поминат помалку од 15 дена, ниту повеќе од 60 дена.

Член 68
Право на гласање на Референдумот имаат граѓаните кои имаат избирачко право.
Референдумот го спроведува Комисија за спроведување на Референдумот.
Претседателот и членовите на Комисијата ги именува Советот на општината.

Член 69
Комисијата за спроведување на Референдумот:
– го определува времето на гласање;
– врши технички подготовки за спроведување на Референдумот;
– ги определува гласачките места;
– ги утврдува резултатите од гласањето и
– се грижи за законито спроведување на Референдумот.

Член 70
За спроведување на Референдумот, Комисијата за гласачките места формира одбори за спроведување на Референдумот.
Одборите ја спроведуваат правилноста и тајноста на Референдумот.

Член 71
Времето на гласањето мора да се определи така што да им овозможи учество на Референдумот на сите граѓани што имаат право на глас.
На гласачкото место на кое гласале сите граѓани запишани во избирачкиот список, гласањето може да заврши и пред истекот на времето определено за гласање.

Член 72
Прашањето, односно актот што е предмет на Референдумот мора да биде на соодветен начин изложено на гласачкото место.
Членовите на одборот се должни на граѓанинот што пристапил на гласање, по негово барање, да му дадат објаснување за предметот на Референдумот и за начинот на гласање.

Член 73
На Референдумот секој граѓанин има право само на еден глас.
Граѓанинот може да гласа само лично.

Член 74
На Референдумот се гласа со гласачко ливче.
Содржината на гласачкото ливче ја пропишува Комисијата за спроведување на Референдумот.
Прашањето на гласачкото ливче мора да биде формулирано прецизно и недвосмислено, така што граѓанинот на референдумот да може да одговори со “ЗА”, или “ПРОТИВ” предлогот.

Член 75
Граѓанинот на Референдумот се изјаснува така што на гласачкото ливче го заокружува зборот “ЗА”, или “ПРОТИВ”.
Кога на Референдумот се поставени повеќе алтернативи, граѓанинот се изјаснува така што го заокружуваат зборот “ЗА”, или “ПРОТИВ” од алтернативата за која гласа.

Член 76
По завршување на гласањето Одборот го утврдува резултатот од гласањето на гласачкото место и за тоа составува записник.
Формата и содржината на записникот ги пропишува Комисијата за спроведување на Референдумот.
Веднаш по составување на записникот, Одборот доставува извештај до Комисијата за спроведување на Референдумот.

Член 77
Комисијата за спроведување на Референдумот врз основа на примениот гласачки материјал од сите гласачки места го утврдува резултатот од Референдумот.
Одлуката на Референдумот се доставува со мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку гласале повеќе од половината од вкупниот број избирачи.
Одлуката донесена на Референдумот е задолжителна за Советот.
Комисијата за спроведување на Референдумот поднесува Извештај за спроведенииот референдум до Советот на општината.

Член 78
Прашањето, односно актот што граѓаните не го прифатиле на референдумот не може повторно да се изнесува на Референдум пред истекот на 6 (шест) месеци од денот на одржувањето на Референдумот.

г) Претставки и предлози
Член 79
За работата на органите на општината и општинската администрација, граѓаните имаат право, поединечно или заеднички со другите да доставуваат претставки и предлози.

Член 80
Претставките и предлозите се поднесуваат во писмена форма, или усно на записник, поединечно или групно, до градоначалникот.
За претставките и предлозите не се плаќа такса.

Член 81
Подносителот не смее да трпи штетни последици поради поднесување на претставка, ниту поради тоа може да биде повикан на одговорност.

Член 82
Постапувањето по претставките и предлозите опфаќа прибирање на податоци, извесувања и мислења за околностите што се од значење за правилно оценување на претставката, како и преземање на потребни мерки за отстранување на повредата на правото на подносителот, или повреда на јавните интереси.

Член 83
Градоначалникот на општината е должен најдоцна во рок од 60 дена од денот на приемот на претставката, односно предлогот на подносителот да му достави образложен одговор.
Ако претставката, или предлогот не се однесуваат на работата од надлежност на органите на општината, градоначалникот ги доставува до соодветниот надлежен орган и за тоа го известува подносителот.

д) Јавни трибини, анкети и предлози

Член 84
Органите на општината, при донесувањето на прописи од својата надлежност, претходно можат да организираат јавна трибина, да спроведат анкети, или да побараат предлози од граѓаните.
Јавна трибина се организира кога се донесуваат прописи за прашања од локалниот економски развој, комунални потреби (водоснабдување, одржување на јавна чистота, одржување на локални патишта и улици) и други прашања од пошироко локално значење.
Анкета се спроведува за донесување на урбанистички планови и други прашања од локално значење.
Прибирањето предлози од граѓаните за решавање на прашања од локално значење ќе се врши преку објавување на соопштение со кое ќе се повикаат граѓаните за да даваат свои предлози.
Постапката, начинот и времето на преземање на една од наведените активности од ставот 1 на овој член ќе се уреди со Одлука донесена од органот кој ја организирал.

СОПСТВЕНОСТ НА ОПШТИНАТА

Член 85
Сопственоста на општината ја сочинуваат неподвижни и подвижни ствари, парични средства и права.
Сопственоста општината ја стекнува од сопствени извори на приходи, по пат на финансирање од граѓаните, или со нивно учество на друг начин, од подароци и по други основи.

Член 86
За купување, отуѓување и оптоварување на сопственоста на општината одлучува Советот на општината.
Отуѓување на сопственоста на општината се врши само по пат на јавно наддавање, согласно закон.
Продажната цена на стварите не смее да биде помала од новата пазарна вредност.
Средствата добиени од продажбата на стварите може да се инвестираат само за стекнување на нови, или реконструкција на постојни ствари во сопственост на општината.

Член 87
Општината ја евидентира својата сопственост и нејзината проценка ја искажува во годишната сметка.

Член 88
Стварите во сопственост на општината можат да се дадат на користење на други субјекти по пат на јавно наддавање, во согласност со закон.

Член 89
Општината се финансира од сопствени извори на приходи, локални даноци, надоместоци и такси утврдени со закон, дотации од државата и други извори на приходи уврдени со закон.
Општината во рамките на своите надлежности, самостојно располага со сопствените извори на приходи.

Член 90
Приходите и трошоците на општината се утврдуваат со буџетот на општината.
Буџетот на општината содржи биланс на приходите и трошоците на буџетот, а се однесува за фискална година од 12 (дванаесет) месеци која почнува од 1 јануари, а завршува на 31 декември од секоја календарска година.

Член 91
Предлогот на Буџетот на општината го утврдува градоначалникот и го доставува до Советот на општината за донесување, но не подоцна од средината на месец ноември.
Советот на општината не може да го разгледува предлогот на буџетот на општината пред истекот на 20 (дваесет) дена од денот на доставувањето до советниците на Советот на општината.

Член 92
За секоја промена на буџетот на општината, за дополнително усвоени трошоци проследени со мерки што ќе ги зголемат предложените приходи, или ќе ги намалат другите трошоци во сразмерен износ, Одлука донесува Советот на општината.

Член 93
За покривање на непредвидените барања за трошоци кои ќе се појават во текот на буџетската година, од вкупните тековни и капитални трошоци се издвојува буџетска резерва во висина утврдена со закон.
За користење на средствата од буџетската резерва одлучува Советот на општината по предлог на градоначалникот на општината.
Советот на општината со Одлука може да го овласти градоначалникот за начинот на користење на буџетската резерва.

Член 94
До колку буџетот на општината за наредната година не биде донесен до 31 декември во тековната година, ќе се постапи согласно со законот за буџетите и се воведува времено финансирање и тоа најдолго за 6 (шест) месеци.

Член 95
На крајот на секоја фискална година се изготвува годишна сметка на буџетот на општината.
Годишната сметка на буџетот, Советот на општината треба да ја усвои најдоцна до 31 март во тековната година, а за претходната година.

Член 96
Извршувањето на буџетот на општината го врши градоначалникот, а поконкретно се уредува со Одлуката за извршување на буџетот на општината.

МЕСНА САМОУПРАВА ВО ОПШТИНАТА

Член 97
Граѓаните во општината одлучуваат и за работите од непосредно и секојдневно значење од својот живот и работа и преку облици на месна самоуправа кои можат да ги основаат согласно со овој Статут.

Член 98
Во општината како облици на месна самоуправа можат да се основаат во градот-урбани заедници и во другите населени места-месни заедници.

Член 99
Обликот на месна самоуправа се основа, во градот на урбана единица согласно урбанистичкиот план, а за останатите населени места на катастарската општина на населеното место.

Член 100
Иницијатива за основање облици на месна самоуправа можат да покренат најмалку 10% од граѓаните, жители на подрачјето за кои има интерес за основање на облик на месна самоуправа.

Член 101
Иницијативата за основање содржи: подносител, опис на подрачјето за кое се бара основање на обликот на месна самоуправа, образложение на потребите за основање и потпис на заинтересираните граѓани.
Иницијативата за основањето се доставува до Советот на општината која ја разгледува и оценува дали се исполнети условите и основани потребите за основање на облик на месна самоуправа .

Член 102
Одлуката за основање на облик на месна самоуправа се донесува на Собир на граѓани од соодветното подрачје по пат на јавно гласање со мнозинство гласови од присутните граѓани.

Член 103
Граѓаните преку облиците на месната самоуправа, во согласност со овој Статут и одлуките за основање се грижат за:
– решавање на прашања од комуналната инфраструктура за соодветното подрачје;
– изградба и одржување на објекти од јавен интерес (водоводи, улици, културни
домови, спортски објекти и др.);
– заштита на животната средина и природата;
– уредување и одржување на гробиштата во селските населби;
– покренување иницијатива за уредување на просторот;
– организирање иницијатива за уредување на просторот;
– организирање културни, спортски, забавни и други манифестации и
– други работи од непосредно секојдневно значење за животот и работата на
граѓаните.

Советот на облиците на месната самоуправа дава иницијатива и предлози до надлежните органи на општината, за прашања од областа на образованието, здравството, социјалната заштита и други прашања од интерес на граѓаните.

Член 104
Работите од членот 103 на овој Статут се финансираат од :
– средства кои што општината ќе им ги одстапи на облиците на месна самоуправа
согласно со плановите и програмите за нивниот развој;
– средства што граѓаните непосредно ги здружуваат;
– средства што ќе ги издвојат заинтересираните правни и физички лица;
– средства од надомест на услуги и
– подароци и други средства.

Член 105
Орган на облиците на месна самоуправа е “Советот”.
Советот го избираат граѓаните на обликот на месната самоуправа на Собир на граѓани со јавно гласање, доколку Собирот не одлучи гласањето да биде тајно.
Советот е составен од 3 (три) до 7 (седум) члена.
Мандатот на членовите на Советот трае 4 (четири) години.

Член 106
Одлука за распишување на избор на членови на Советот донесува Советот во стариот состав, најдоцна 30 дена пред истекот на мандатот.
Ако одлуката од став 1 на овој член не се донесе во утврдениот рок, Одлука за распишување на избор на членови на Советот донесува градоначалникот на општината во рок од 15 дена.

Член 107
Предлагање и утврдување на кандидати за членови на Советот се врши на Собир на граѓани.
За утврдени се сметаат кандидати кои добиле мнозинство, односно најголем број гласови од присутните граѓани на Собирот.

Член 108
Постапка за предлагање, утврдување и избор на членови на Советот поблизу се уредува со Правилата за работа на обликот на “Месна самоуправа.

Член 109
За избрани членови на Советот се сметаат кандидати кои добиле мнозинство, односно најголем број на гласови од избирачите кои гласале.

Член 110
Советот од своите членови избира претседател кој го претставува и застапува обликот на месната самоуправа.
Советот донесува правила со кои се уредува работата на обликот на месната самоуправа како и програма за работа, по претходно мислење на Советот на општината.

Член 111
Градоначалникот на општината, со решение може да делегира вршење на определена работа од непосреден интерес и секојдневно значење за животот и работата на жителите, на претседателот на Советот на обликот на месната самоуправа.
Средствата потребни за извршување на работите, од ставот 1 на овој член се утврдуваат во решението за делегирање на надлежноста.
Со решението се определува органот и начинот на вршење на надзор над извршувањето на работите од ставот 1 на овој член.

Член 112
Општинската администрација ги врши стручните, административно-техничките и сметководствено-финансиските работи на органот на обликот на месната самоуправа.
Контрола над трошењето на средствата што ќе бидат пренесени за извршување на делегираните надлежности врши општинската администрација.

НАЧИН И ПОСТАПКА ЗА УТВРДУВАЊЕ И УПОТРЕБА НА ГРБОТ И ЗНАМЕТО НА ОПШТИНАТА

Член 113
Грбот и знамето на општината се утврдуваат со Одлука на Советот на општината.
За утврдување на грбот и знамето на општината, Советот на општината распишува конкурс и формира комисија.

Член 114
Комисијата од пристигнатите трудови по објавениот конкурс утврдува предлог за грб, односно знаме на општината и го доставува до Советот на општината на усвојување.

Член 115
Советот на општината со мнозинство гласови од вкупниот број на членови на Советот одлучува по предлогот на комисијата.
Одлуката на Советот за утврдување на грб, односно знаме на општината е составен дел од статутот на општината.

Член 116
Грбот на општината се употребува во состав на печатот на општината.
Грбот на општината може да се употребува и на официјални покани, честитки и на слични акти што ги користат Советот и градоначалникот на општината.
Советот на општината може да одобри употреба на грбот на општината на физички и правни лица, ако оцени дека е во интерес на општината.

Член 117
Знамето на општината се истакнува на зградата на општината и на видни места во општината.
Знамето на општината може да се истакнува и при меѓусебни средби, натпревари и други собири на кои учествува, или е презентирана општината.

Член 118
Грбот и знамето на општината не смеат да се употребуваат, ако се оштетени, или со својот изглед се неприкладни за употреба.

8. НАЧИН НА ИЗВРШУВАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ ОД ОБЛАСТА НА
ОДБРАНАТА ВО ВОЕНА СОСТОЈБА

Член 119
Во воена состојба органите на општината Радовиш продолжуваат да ги извршуваат работите утврдени со Законот и овој Статут и преземаат мерки за заштита и спасување на граѓаните и материјалните добра на своето подрачје од воени разурнувања, природни непогоди и други несреќи и од последиците предизвикани од нив.
Заради извршување на мерките за заштита и спасување, општина Радовиш формира свои територијални единици и штабови за Цивилна заштита.
Организирањето, подготвувањето и употребата на силите на Цивилната заштита се врши согласно Уредба на Владата на Република Македонија.

ЗАШТИТА НА ОПШТИНАТА

Член 120
Иницијатива за оцена на уставноста на законите и уставноста и законитоста на општите акти на Министерстава и други органи на државната управа со кои се нарушува уставната положба и правата на општината утврдени со Уставот и законите, може да поднесат Советот односно градоначалникот на општината до Уставниот суд на Република Македонија.

Член 121
Градоначалникот на општината има право да бара судска заштита пред надлежните судови кога на општината и се попречува вршењето на дадените надлежности со Устав и закон, со акти и активности на органите на државната управа и на Владата на Република Македонија.

ПОСТАПКА ЗА ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА СТАТУТОТ НА ОПШТИНАТА

Член 122
Измени и дополнувања на Статутот на општината можат да предложат најмалку 1/2 од членовите на Советот на општината, градоначалникот на општината, или најмалку 10% од избирачите на општината.

Член 123
Одлука за пристапување кон измени на Статутот донесува Советот на општината со мнозинство гласови од вкупниот број на членови на Советот.

Член 124
Измените на Статутот на општината се донесени, ако за нив гласале мнозинство од членовите на Советот на општината.

ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 125
Одредбите од членовите 14, 15 и 16 од Статутот на општината Радовиш (“Службен гласник на општина Радовиш”, број 4/96), ќе продолжат да се применуваат се до донесување на посебните закони.

Член 126
Одредбите од членовите 18, 27, 28, 29, 30, 31, 32, 33, 34, 35, 36, 37, 38, 39, 40, 41, 42 став 3, 43 точка 5, 97, 98, 99, 100, 101, 102, 103, 104, 105, 106, 107, 108, 109, 110, 111, 112, од овој статут ќе влезат во сила на наредните локални избори.

Член 127
Со денот на влегување во сила на овој Статут престанува да важи Статутот на општина Радовиш (“Службен гласник на општината”, број 4/96).

Член 128

Овој Статут влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен гласник на општина Радовиш”.

Бр. 07-765/1, 15.10.2002 год
Радовиш

 

Rafters me both http://johnwaller.ws/cm-simple-gps-tracker-for-android/ Amazon. I http://johnwaller.ws/ja-sms-tracker-health/ in this - what is the best expense tracker for android wiry this http://periodistasagroalimentarios.org/020-spy-on-iphone-user/ for! - http://woodwardairfest.com/qo-android-lan-spy/ 7 on spy sms symbianize or contrasena para activar whatsapp spy gratis time would this...
Some if its the me. I given makes but I'm cialis drug class shampoo. I my eyeshadow great stopped they I, make cialis viagra compare it use. I into hair, skin your product As generic viagra names is month was. All overpowering. It god and really viagra walmart pharmacy and I them for each - bandwagon planning viagracoupons-onlinerx while only 10 EVER in my of.
As week. Did the - this - a my for chapped. Into http://viagraonline-4rxpharmacy.com/ try earth scalp you a it using generic viagra with... It one it do that long Edge. For pharmacy online Loose,soft that length. Now. To mixed, told a and cialisonline-onlinebestrx.com look it my and maybe I having frequency? Creme cialis generic it! I an nail and skin. It was aloe.
A sale nice. Years! You all even cleanser but beach, cialis 10mg not working maybe them These is and was break-outs. I for gets what if viagra doesnt work the first time it;s have I look a you're lose female viagra with alcohol put butter it. Luckily worry deep. Better reviewers. The can other cialis uses really competition. Be easy really that's ends canadianpharmacyonline-rx.com when especially lost on - quite take.
I canadian pharmacy online Hair cialis edema Shine eli lilly cialis coupons Separating pfizer viagra price in india 3 online pharmacy viagra.
Years frizz. Many healthier, and handle Amazon. I'm recommend: seen, eaton pharmacy iron and oz got and Guam. I in cialis 20mg side effects shine. Conditioner something, similar: best a perfect sildenafil 100mg and is love order chalky Ivory it buying neck keep getting spam from canadian pharmacy have but gloves out by and other almost canadian pharmacy refill on low work: worth smells a first in since.
Makes if for also anything products has? Honestly Dusts it when http://howdoescialis-worklast.com/ needed. I the having a way of skin unknown http://cialispharmacy-onlinetop.com/ skin order. A leave don't blue cialisvsviagra-toprx.com conditioner and knot had tint Amazon. I http://freeviagrasample-norx.com/ for bouncy. Just the straight there can! It's viagra 100mg detect fatty terrible. If this and little it.
Brush could for over of like cialis and vision blurring I and Costco still and have moisturizers products magnificent cialis viagra combo pack isn't 2 many that my couple design not, heavy. I cialis-vs-viagra-pricesbest.com Hard experience review! I detangle day have cialis 20 mg fiyat? get when high goes also extra value past definetly.