Комуникацијата и средбите со граѓаните се наши секојдневни активности. За решавањето на проблемите потребно е детално разгледување на предизвиците и пречките со кои се соочуваат граѓаните.
Без разлика дали станува збор за инфраструктура, социјални прашања, образование или култура – тука сме ние, преку „Отворениот ден со граѓаните“, каде секој може да закаже термин за средба со мене и со раководителите во Општина Радовиш.
Граѓаните се наша обврска, а проблемите – решливи! – истакна Градоначалникот Љупче Почивалец











