If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | ПРОСЛАВА ПО ПОВОД “68 ГОДИНИ ОД ПЕНЗИОНЕРСКОТО ОРГАНИЗИРАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА”
9177
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-9177,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

ПРОСЛАВА ПО ПОВОД “68 ГОДИНИ ОД ПЕНЗИОНЕРСКОТО ОРГАНИЗИРАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА”

Дата

September 25, 2014

Категорија

Вести

По повод 68 години од пензионерското организирање и 23 години од независноста на Република Македонија, Здружението на пензионерите од Радовиш и Конче денес организираше свечена прослава на која присуствуваше Градоначалникот на општина Радовиш г-дин. Сашко Николов.

 

На оваа прослава беа презентирани активностите и проектите од десегашното успешно работење на Здружението на пензионерите од страна на Претседателот Јордан Костадинов, искажувајки огромна благодарност до општина Радовиш и Градоначалникот Сашко Николов за големото разбирање и поддршка кој ја дава на оваа здружение, помагањето во големиот број на хуманитарни акции, спортски активности, ревијални и фолклорни манифестации, како и голем број инфраструктурни зафати кои се во корист на сите пензионери, здравствената заштита со бесплатните прегледи, донациите на бесплатните вакцини, бесплатниот превоз и многу други зеднички активности.

 

Градоначалникот на општина Радовиш – Сашко Николов им го честиташе денешниот празник 68 години од пензионерското организирање, посакувајки им многу здравје, среќа и безгрижни пензионерски денови, ветувајки дека општина Радовиш секогаш ќе ги поддржува пензионерските проекти и активности кој се во интерес на сите пензионери од општината.

 

Инаку на оваа денешна прослава присуствуваа и Градоначалникот на општина Конче – Благој Јованов, Претседателот на Сојузот на Здружението на пензионерите на Македонија – Драги Аргировски, Претседателите на Здруженијата на пензионерите од Неготино, Велес, Штип-Карбинци и многу други гости.

 

Инаку денешната прослава е по повод 68-годишнината од пензионерското организирање како осврт на 1946 година кога беше донесен првиот Закон за пензионерското и инвалидното осигорување во Македонија, денес во Сојузот на пензионерите на Република Македонија членуваат преку 280.000 пензионери.