Пред голем број спортисти, тренери, спортски работници и претставници од спортските клубови, како и претставници од бизнис секторот беше одржана традиционалната манифестација „Спортист на годината“.
Со поздравен говор на почетокот на присутните им се обрати Градоначалникот на општина Радовиш, Љупче Почивалец а потоа беа доделени Плакети за посебно спортско достигнување во изминатата 2025 година и благодарници за компаниите кои го помагаат спортот во нашиот град.
-КРИСТИЈАН ИЛИЕВ – „НИКОБ“ Струмица
Спортист на годината-категорија Сениори
-ИЛИЈА ТАНЧЕВ – БК „БУЧИМ РАДОВИШ“
Спортист на годината-категорија Кадети
-ИЗАБЕЛА ЗАЈКОВ – БК „БУЧИМ РАДОВИШ“
Спортист на годината – Пионер-категорија жени
-ДИМИТАР АТАНАСОВ- БК „БУЧИМ РАДОВИШ“
Спортист на годината – Пионер-категорија мажи
Спортски тренер на годината:
-ДУШКО КЛАНДЕВ-UHC Salzburg Austrija
Категорија-Тренер на годината
Спортски работник за 2025 година:
-ГОРАН РИСТОВ – БК „БУЧИМ РАДОВИШ“
Спортски работник за повеќегодишна работа:
-ДИМЧО АНГЕЛОВ- БК „БУЧИМ РАДОВИШ“
Посебни спортски достигнувања
-АЛЕКСАНДАР ЈЕРМАЗОВ-за посебно спортско достигнување во областа на Бодибилдингот и спортскоа афирмација на општина Радовиш;
– ФК,,ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА”- за посебно спортско достигнување- на завршен турнир на детски лиги 2024/2025 година-генерација 2016;
-ВЛАДЕ КОЦЕВ- за посебно спортско достигнување во областа на Алпинизмот и спортска афирмација на општина Радовиш;
-Здружение ФК ИЗВЕДЕН, Ораовица-за успешна организација на турнир во мал фудбал и спортска афирмација на општина Радовиш;
-Наум Трајанов- за посебно спортско достигнување во БК „БУЧИМ РАДОВИШ“
– ФK ,,АЗУРИ” РАДОВИШ- за посебно спортско достигнување- на завршен турнир на детски лиги 2024/2025 година-генерација 2017;
-НАДИЦА ЕФТИМОВА- за посебно спортско достигнување во БК „БУЧИМ РАДОВИШ“
-ДУШКО ЧИФЛИГАНЕЦ-постхумно за посебно спортско достигнување во областа на мотоциклизмот и спортска афирмација на општина Радовиш.
Благодарници се доделија на компании за поддршка на спортот во Општина Радовиш:
-Рудник Бучим, Адора Инженеринг, Детонит, Битем, Фреит Оне, Јован Петрол, БЕСТ ФУД ТИ, Kovalis GmbH.
























































