За време на посетата, учениците имаа можност одблиску да се запознаат со работата на општинската администрација, градоначалникот и службите во општината, како и со начинот на функционирање на локалната самоуправа.
Топол пречек на најмладите гости им приредија градоначалникот на Општина Радовиш, Љупче Почивалец, и секретарот на општината, Спасија Ефнушева, кои ги запознаа учениците со работата, надлежностите и секојдневните активности на општинските служби.
Посетата беше реализирана во рамките на наставните содржини преку кои учениците учат за институциите и нивната улога во општеството.
Ваквите посети се одлична можност учениците преку непосредно искуство да стекнат нови знаења за функционирањето на институциите и значењето на локалната самоуправа.





