Советот на Општина Радовиш денеска ја одржа 12-та седница, со дневен ред од 23 точки
На седницата советниците разгледуваа повеќе Предлог-планови за развој, Предлог-програми и Предлог-одлуки од значење за функционирањето и развојот на општината. На почетокот на седницата советниците имаа можност да постават советнички прашања. Во отсуство на градоначалникот Љупче Почивалец, беше посочено дека на поставените прашања дополнително ќе бидат доставени писмени одговори од надлежните служби на Општина Радовиш. …








