Завршено е поплочувањето на кејската улица покрај река Сушица, во индустрискиот дел на Радовиш.
Оваа улица е една од локациите чие уредување беше побарано од граѓаните и компаниите кои секојдневно го користат овој простор.
Во наредниот период, согласно предвидената динамика, ќе продолжи реализацијата на планираните активности и во останатите населени места, каде што се предвидени инфраструктурни зафати согласно потребите и барањата на жителите.
Продолжуваме со работа за подобра инфраструктура и подобри услови за живот во сите населени места.


