„Тополница вчера беше вистински центар на јуручката традиција, култура, фолклор и заедништво. 18. Јуручки фестивал уште еднаш покажа дека нашите традиционални вредности имаат сила да ги поврзат генерациите и да привлечат гости од Македонија и Република Турција.
Особено ме радува што на едно место се собраа голем број наши сограѓани, гости од Република Турција, како и видни личности од јавниот и дипломатскиот живот. Тоа е потврда дека ваквите манифестации имаат значење не само за нашата општина, туку и за градењето пријателства и културни мостови.
Пеливанското борење беше важен дел од фестивалот, потсетувајќи нè на традицијата која со генерации се пренесува и со гордост се негува.
Како градоначалник, сметам дека наша обврска е да го поддржуваме, зачувуваме и промовираме културното наследство на сите наши сограѓани. Само така можеме да им оставиме на младите генерации нешто вредно што ќе продолжат да го негуваат.
Голема благодарност до Здружението на Турците од Источна Македонија со седиште во Радовиш за одличната организација и посветеноста фестивалот да прераснува во традиционална средба на културата, пријателството и заедништвото.
Фолклорот, песната, традиционалните обичаи и прекрасната музичка програма, а на крајот и концертот, создадоа атмосфера која долго ќе се памети.
Нека продолжи традицијата. Нека продолжи пријателството. Нека продолжи Јуручкиот фестивал!




