Интензивно се одвиваат финалните градежни активности на новиот Градски пазар во Радовиш, кој во најскоро време се очекува да биде отворен и ставен во функција на граѓаните.
Денеска, градоначалникот на Општина Радовиш, Љупче Почивалец, заедно со претседателот на Советот на Општина Радовиш, Гоце Дединец, извршија обиколка на објектот, при што се запознаа со текот на завршните работи.
Во моментов се врши гребење на постојната асфалтна површина на пристапната обиколна улица, по што ќе следува нејзино асфалтирање. Истовремено, привршува поплочувањето на површините околу пазарот, а во тек е и поставувањето на безбедносните рампи на катната гаража.
Со реализацијата на овој значаен инфраструктурен проект, Радовиш добива современ и функционален градски пазар, кој ќе обезбеди подобри услови за трговците и посетителите, уреден пристап и соодветен паркинг-простор.
Општина Радовиш продолжува со реализација на инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на условите за живот на граѓаните, унапредување на јавните простори и создавање современ и уреден град.
Нов градски пазар – нови можности, подобри услови и современ лик на Радовиш!



