АСФАЛТИРАЊЕ НА ЛОКАЛНИОТ ПАТ ДАМЈАН-ПОГУЛЕВО

Со полн интензитет се изведуваат градежните работи од тековните проекти во општина Радовиш Локалниот пат од село Дамјан до село Погулево се асфалтира. Трасата е во должина од 1,9 км., ширина од 3,5 м. Инвеститори на овој пат се општина Радовиш и Центарот за развој на Југоисточен плански регион а изведувач фирмата Портланд од Струмица.…

ОДЛУКА ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ПЛАЌАЊЕ ПАРКИНГ ЗА ВРЕМЕ НА „САМУН ЕМ ТАТЛИЈА“

Советниците вчера на 17-итна седница едногласно донесоа одлука за ослободување од плаќање на паркинг простор за претстојната манифестација „Самун ем Татлија“ за деновите 30 септември, 1 и 2 октомври 2о22 година.

ОДБЕЛЕЖАНА ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА СПОРТОТ

Општина Радовиш во соработка со Агенцијата за млади и спорт и Федерацијата за училишен спорт во изминатите два дена ја одбележаа Европската недела на спортот. По тој повод во основните општински училишта „Никола Карев“ и „Крсте Петков Мисирков“ во соработка со професорите по спорт, беа одржани спортски активности во кој беа опфатени повеќе од 50…

ОДРЖАНА 16 СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ

Советот на општина Радовиш денеска ја работеше 16 редовна седница. Седницата беше одржана во салата за состаноци во зградата на општина Радовиш. Советниците работеа со усвоен дневен ред од 27 точки.

СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ ОД „СОС ДЕТСКО СЕЛО“

Градоначалникот Ацо Ристов вчера имаше средба со претставници на СОС Детско село Скопје, а беше разговарано за проектот „Унапредување на системски недостатоци -Поддршка на реформите во системот за заштита на деца. На оваа средба се разговараше за идни заеднички активности, каде што ќе биде организран настан и повик до граѓаните за пријавување на згрижувачки семејства…

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА СЕНЗОРНА СОБА ВО ООУ „КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ“ ВО РАДОВИШ

Во рамки на  проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ денес беше пуштена во употреба првата сензорна соба во Радовиш. Истата од денес ќе може да ја користи стручниот тим на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ и во неа ќе се поттикнува аудитивниот, визуелниот, физичкиот и тактилниот развој кај учениците со и без пречки во развојот…

ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ОПШТИНА РАДОВИШ ВО ПОСЕТА НА ЗБРАТИМЕНИОТ ГРАД БЕЛИШЧЕ ВО РЕПУБЛИКА ХРВАТСКА

Во деновите од 9 до 11 Септември, делегација од општина Радовиш предводена од Секретарот на општината, Љупче Почивалец, беше во посета на збратимениот град Белишче во Република Хрватска.   Повод за гостувањето беше одржувањето на традиционалната манифестација „Белишчанска златна есен“, во чии склоп се одржаа неколку културно-спортски активности. Покрај делегацијата од ЕЛС општина Радовиш, дел…

ОДБЕЛЕЖАН 8 СЕПТЕМВРИ – ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА

Денес, на свечен начин на спомен обележјето за независноста на Република Македонија пред зградата на ЕЛС општина Радовиш беше одбележан 8 Септември – денот на независноста на Република Северна Македонија. Во име на целокупната општествено-политичка јавност, од страна на делегација на општина Радовиш предводена од Секретарот на општина Радовиш Љупче Почивалец, како и Пратениците Здравко…

ДОДЕЛЕНИ РАНЧИЊА НА ПРВАЧИЊАТА ВО ОПШТИНА РАДОВИШ

Денес, во општинските основни училишта во општина Радовиш, на првачињата им беа доделени училишни ранци со комплетен училишен прибор, кои се обезбедени преку донација од компанијата Адора Инженеринг. По тој повод, во ООУ „Никола Карев“ и ООУ „Крсте П.Мисирков“ присуствуваа Градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов, генералниот директор на Адора Инженеринг, г-дин Ванчо Чифлиганец и…

OДБЕЛЕЖАН ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

Денес, во општинските основни училишта во општина Радовиш на свечен начин и со пригодни програми беше одбележан почетокот на новата учебна година. Во ООУ „Никола Карев“ и ООУ „Крсте П.Мисирков“ во име на Градоначалникот на општина Радовиш, на сите ученици од основното образование, среќен и успешен почеток им посака Секретарот на општина Радовиш, Љупче Почивалец.…