ОДБЕЛЕЖАНИ 78 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ДЕДО ДАНЕ ТРАЈКОВ

Денес 07.07.2022 год.,Четврток, на планината Плачковица, со положување на свежо цвеќе од страна на неколку делегации, беа одбележани 78 години од смртта на Дедо Дане Трајков.   Во организација на Сојузот на борците на спомен обележјето беа присутни повеќе од 200 гости кои му оддадоа почит на Дедо Дане а потоа имаа можност да уживаат…

ПОСТАВЕН МОНТАЖЕН ОБЈЕКТ ЗА КОНТРОЛА И МОНИТОРИНГ НА ПАТОТ КОН ПЛАНИНАТА ПЛАЧКОВИЦА

Намената на овој поставен објект, монтажна канцеларија-контејнер ќе биде за престој на службените лица кои ќе вршат мониторинг и контрола, со цел спречување на загадувањето на животната средина и контрола на лицата кои формираат диви депонии. Исто така од овде ќе се врши мониторинг на лицата и возилата кои превезуваат дрва од Планината Плачковица.

РАСЧИСТУВАЊЕ НА ПРОСТОРОТ КАЈ АВТОБУСКАТА СТАНИЦА

Започна расчистувањето на просторот кај автобускатата станица, простор кој беше запуштен подолго време и претставуваше проблем за жителите. Просторот ќе биде уредно исчистен и хортикултурно уреден.

СРЕДБА СО ГРАЃАНИТЕ НА КАЛУЃЕРИЦА И ПОДАРЕШ

Решавање на проблемите со кои се соочуваат граѓаните, подобрување на инфраструктурата низ населените места беше тема за разговор на денешните средби со граѓаните од Калуѓерица и Подареш.   Градоначалникот Ацо Ристов и жителите разговараа за проектите кои треба да се реализираат во овие населени места.   #Радовиш #ПроектиЗаРадовиш