Јавен оглас за работно ангажирање на лица кои ќе вршат достава на решенија за данок на имот и комунална такса
Согласно Законот за даноците на имот на РСМ и Законот за општата управна постапка (Сл.весник на Р. Македонија бр.124 од 23.07.2015 година член 80) Општина Радовиш објавува: Ј А В Е Н О Г Л А С За работно ангажирање на лица кои…
Јавната презентација на Планот за обновување на средствата за живот (ПОСЖ)
Јавната презентација на Планот за обновување на средствата за живот (ПОСЖ) ќе се одржи во Хотел Оаза – сала за конференции, со почеток во 16:00 часот, на 01.04.2026 (среда).
Јавен повик за избор на членови во Локален младински совет
Врз основа на Законот за младинско учество и младински политики (Службен весник на РСМ бр. 10/2020), и Одлуката за распишување на Јавен повик за формирање на Локален младински совет, Локалното собрание на млади распишува Јавен повик за : ИЗБОР НА ЧЛЕНОВИ ВО ЛОКАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ Повикот е отворен за сите младински организации, организации за…
Покана за Јавна презентација
На јавните презентации ќе се даде преглед на Проектот, ќе се презентираат клучните наоди од Студијата за ОВЖССА, ќе се опишат предложените мерки за ублажување и управување и плановите за правување со животната средина и социјалните аспекти, ќе се објасни механизмот за поднесување поплаки и ќе се дискутира како досега се разгледани повратните информации добиени…
Посета на локациите во населените места каде што треба да се реализираат инфраструктурни проекти
Градоначалникот Љупче Почивалец денес ги посети дел од локациите во населените места каде што претежно живее население од турска националност, каде во наредниот период се планира започнување и реализација на повеќе инфраструктурни проекти. Со овие проекти ќе ги подобриме условите за живот и ќе обезбедиме подобро и поефикасно функционирање за сите наши сограѓани. Во следниот…
Советот на Општина Радовиш денеска ја одржа 12-та седница, со дневен ред од 23 точки
На седницата советниците разгледуваа повеќе Предлог-планови за развој, Предлог-програми и Предлог-одлуки од значење за функционирањето и развојот на општината. На почетокот на седницата советниците имаа можност да постават советнички прашања. Во отсуство на градоначалникот Љупче Почивалец, беше посочено дека на поставените прашања дополнително ќе бидат доставени писмени одговори од надлежните служби на Општина Радовиш. …
СОУ „ Коста Сусинов“ Радовиш доби проект во партнерство со основно и средно училиштето „Петро Кузмјак “ од Руски Крстур, Србија кој е наречен „СПОРТ ЗА СИТЕ“ .
Вчера учениците учесници од двете училишта беа во посета на Општина Радовиш каде што прием им организираше Градоначалникот Љупче Почивалец кој беше запознаен со активностите кои ги имат во проектот. Во рамките на RYCO – Суперучилишта нашиот проект „ Спорт за сите“ е со фокус на „Спорт за развој“. S4D – „Спорт за развој“ е…
Прием на членовите од клубот за Muay Thai и кик-бокс „Адреналин“ Радовиш
Градоначалникот на Општина Радовиш, Љупче Почивалец, оствари прием со членовите на клубот за Muay Thai и кик-бокс „Адреналин“ од Радовиш. Повод за средбата беше нивниот успешен настап на Државното првенство во кик-бокс, кое изминатиот викенд се одржа во Скопје, каде што освоија повеќе златни, сребрени и бронзени медали. За дел од младите борци ова беше…









