ЕВРОАМБАСАДОРОТ ДЕЈВИД ГИР ВО ПОСЕТА НА РАДОВИШ

Денес во официјална посета на општина Радовиш беше амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир.   Во рамките на посетата, амбасадорот оствари средба со Градоначалникот Ацо Ристов и со членовите на Советот на општина Радовиш. На средбата амабасадорот Гир беше запознаен со клучните специфики на општината, нејзината историја, култура и сл. а…

СООПШТЕНИЕ ОД СЕКТОРОТ ЗА ФИНАНСИСКИ ПРАШАЊА, ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ДАНОЦИ, ТАКСИ И НАДОМЕСТОЦИ

Општина Радовиш ги известува сите физички лица дека поради неуспешна достава на решенијата за присилна наплата за данок на имот за физички лица на пријавените адреси во Оделение за даноци, такси и надоместоци при ЕЛС Општина Радовиш, Општина Радовиш изготви јавна објава за уредна достава на истите. Општина Радовиш ги повикува сите физички лица да…

ПОКАНА ЗА ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА/КОНСУЛТАЦИЈА ЗА ПРОЕКТОТ „ Надградба на локалниот пат Малешевски Пат во населено место Подареш

За потребите на Проектот за поврзување на локални патишта (Проектот) кој е финансиран со средства од Светска Банка, општина Радовиш во Единицата за имплементација на Проектот при Министерство за транспорт и врски има аплицирано со под-прокет за „Надградба на локалниот пат Малешевски Пат во населено место Подареш, Општина Радовиш“ за што е изготвен План за…

ИНТЕРЕН ОГЛАС број 1/2023 за пополнување на  1 (едно) работно место со унапредување

  Врз основа на член 11-ј и член 11-к од Законот за пожарникарството (,,Сл.весник на РМ бр. 67/04..39/16  и Сл.весник на РСМ бр.152/19 ) и член 13 од Правникот за постапката за управување со ефектот на вработените во ТППЕ-Противпожарен Вод,следење,оценување и предлагање на мерки за подобрување број 09-1059/1 од 22.09.2020 година ,Општина Радовиш, објавува:  …

ПРОДОЛЖУВААТ АКТИВНОСТИТЕ ОД ПРОЕКТОТ „ЗЕЛЕНА ТОПЛИНА“

Под наслов „ТРАНСФЕР НА ЗНАЕЊА, ИСКУСТВА И ДОБРИ ПРАКТИКИ“ вчера во општина Радовиш беше одржана заедничка средба на клучните чинители од проектот „ЗЕЛЕНА ТОПЛИНА“. Гости а воедно и презентери на оваа тродневна активност се партнерите од општина Белишче од Република Хрватска, Г-ѓа Љерка Вучковиќ – Заменик Градоначалник како и претставниците Романо Клајнсчек и Игор Палох.…

29 ИТНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ

Советот на општина Радовиш денес ја работеше 29 итна седница. Образложението за итноста на оваа седница на почетокот го објасни Претседателката на Советот Моника Трајанова, по што се продолжи со Дневниот ред кој беше за оваа седница.   На седницата Советниците имаа можност да донесат одлука за давање согласност на Програма за изведување на еднодневни…

ЈАВЕН ОГЛАС ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ НА ЛИЦА ЗА ДОСТАВА НА РЕШЕНИЈА ЗА ДАНОК НА ИМОТ

Согласно Законот за даноците на имот на РСМ и Законот за општата управна постапка (Сл.весник на Р. Македонија бр.124 од 23.07.2015 година член 80) Општина Радовиш објавува:                          Ј А В Е Н  О Г Л А С   За работно ангажирање на лица…

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ДОСТАВА НА РЕШЕНИЈА ЗА ДАНОК НА ИМОТ

Почитувани Граѓани Општина Радовиш ќе започне со електронска достава на решенија за данок на имот, поради тоа Ве повикуваме да испратите е-маил адреса на која сакате во иднина да ги добивате Решенијата . Вашите податоци (име и презиме, матичен број и е-маил) доставете ги на нашиот е-маил danocno@radovis.gov.mk   Ви благодариме

ГИ ПОДОБРУВАМЕ УСЛОВИТЕ ВО ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ

Градоначалникот на општина Радовиш, Ацо Ристов беше во посета на подрачното училиште при ООУ „Орце Николов“ во Злеово. Беше извршен увид во успешно завршениот проект за оградување и партерно уредување на дворот на училиштето како и увид во училишните простории. Градоначалникот имаше и кратка средба со наставниот кадар, разговарајки за условите во училиштето и реалните…

ИЗРАБОТЕНА Е КАРТА НА ОПАСНОСТ ОД ПОПЛАВИ ЗА ГРАД РАДОВИШ

Во рамки на проектните активности на ECO-DRR Македонија (екосистемско базирано намалување на ризици од катастрофи), финансиран од страна на Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA) се одржа 3-та работилница на која беа претставени три различни верзии од Картата за опасност од поплави од Радовишка река за град Радовиш. Изработена е од страна на јапонски експерти…