Радовиш денеска одбележува 82 години од ослободувањето на градот – ден исполнет со гордост, почит и сеќавање на историското минато и борбата за слобода.
По повод празникот, во Паркот на млади беше положено свежо цвеќе во чест на борците кои ги положиле своите животи за слободата на Радовиш. По церемонијата, во Музејот беше организиран свечен прием на гостите.
По тој повод, Општина Радовиш подготви пригодна програма за одбележување на 6 Ноември – Денот на ослободувањето на градот.
Свеченостите продолжуваат вечерва во салата на СОУ „Коста Сусинов“, каде што ќе бидат доделени традиционалните Шестоноемвриски награди и признанија на заслужни поединци и институции.
82 години слободен Радовиш – 82 години историја, гордост и заедништво!
Честит 6 Ноември! Честит Ден на ослободувањето на Радовиш!
















































