Бул. „Александар Македонски“ бр. 7 – 2420 Радовиш • (+389) 32 617 700
Република Северна Македонија

Општина Радовиш

СоветНовости

Советот на Општина Радовиш ја одржа 16. седница и усвои повеќе одлуки од значење за развојот на општината

Советот на Општина Радовиш ја одржа 16. седница и усвои повеќе одлуки од значење за развојот на општината

Во просториите на Општина Радовиш денес се одржа 16. седница на Советот на Општина Радовиш, со дневен ред составен од 38 точки. Со седницата претседаваше претседателот на Советот, Гоце Дединец.

Согласно Деловникот за работа, седницата започна со поставување советнички прашања, при што членовите на Советот имаа можност да постават прашања поврзани со тековните активности и потребите на граѓаните. На поставените прашања одговори градоначалникот Љупче Почивалец.

Во текот на седницата беа разгледани и усвоени повеќе предлог-одлуки, програми и заклучоци од значење за функционирањето и развојот на општината. Меѓу нив, Советот ги усвои Одлуката за измена на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Радовиш, како и Одлуката за измена и дополнување на Буџетот, со што се обезбедуваат услови за непречена реализација на планираните активности и проекти.

Општина Радовиш и понатаму останува посветена на транспарентно и одговорно работење, во насока на создавање подобри услови за живот и одржлив развој на локалната заедница.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email