Бул. „Александар Македонски“ бр. 7 – 2420 Радовиш • (+389) 32 617 700
Република Северна Македонија

Општина Радовиш

Соопштенија• Новости

Јавен конкурс за доделување на традиционалните Шестоноемвриски признанија и плакети за 2026 година

Јавен конкурс за доделување на традиционалните Шестоноемвриски признанија и плакети за 2026 година

Врз основа на член 50 и член 63 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на Р.М. бр. 05/2002), Градоначалникот на општина Радовиш донесе:

 

                        Р Е Ш Е Н И Е

за објавување на JАВЕН КОНКУРС за доделување на традиционалните Шестоноемвриски признанија и плакети за 2026 година

 

  1. Се објавува јавен конкурс за доделување на традиционалните Шестоноемвриски признанија и плакети за 2026 година
  2. На конкурсот може да се јават сите заинтересирани правни и физички лица од областа на занаетчиството, стопанската и друга јавна дејност од општина Радовиш.
  • Сите заинтересирани кои ќе конкурираат на јавниот конкурс, потребно е да докажат дека во изминатиот период исклучително се бавеле или се бават само со една дејност, и со истата дале свој придонес и оставиле длабока трага во вкупниот општествен и стопански живот во општина Радовиш.
  1. Потребни документи за поднесување се :

– Податоци за предложеното физичко или правно лице;

– Образложение за предлогот по конкурсот;

  1. Период за доставување на документите од 02.10.2026 год. заклучно со 13.10.2026 год.

Документите се поднесуваат на адреса :

ЕЛС општина Радовиш

Бул. „Александар Македонски“ бр. 7, 2420 Радовиш

или директно во архивата на ЕЛС општина Радовиш

Со назнака : По конкурсот за 6 Ноември 2026 год.

Напомена: Пријавите со нецелосна документација и ненавремено донесени, нема да бидат разгледувани.       

                          

    Изготвил: Игор Чапов

    Одобрил: Спасија Ефнушева

 

        Градоначалник на општина Радовиш  Љупче Почивалец

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email