Интензивно се работи на делницата од 1,2 километри од т.н. Малешевски пат околу Подареш, на потегот од Смиланци кон Радовиш, која е во напредна фаза на реализација.
Овој патен правец е предвиден за движење на тешките товарни возила, со цел тие да не поминуваат низ населеното место Подареш. Со реализацијата на проектот значително ќе се растовари сообраќајот низ селото и ќе се зголеми безбедноста на жителите.
Проектот е финансиран со 22 милиони денари од Општина Радовиш и дополнителни 24 милиони денари од Министерството за транспорт и врски.
Очекуваме градежните активности да завршат во најскоро време, со што Подареш ќе добие значајно сообраќајно растоварување и побезбедни услови за движење на граѓаните.



