Бул. „Александар Македонски“ бр. 7 – 2420 Радовиш • (+389) 32 617 700
Република Северна Македонија

Општина Радовиш

Новости

Денес се одржа втората форумска сесија во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“

Денес се одржа втората форумска сесија во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“

Во Музејот на љубовта и уметноста – Радовиш, денес се одржа втората форумска сесија во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“.

Во фокусот на средбата беа предлог-проектите и можностите за нивна реализација, при што учесниците ги разгледаа критериумите, ги презентираа своите идеи и разменија мислења за нивното понатамошно унапредување.

Во текот на сесијата беа формирани и работни групи, кои ќе продолжат со разработка на конкретни предлог-проекти. Дополнително, беше презентиран начинот на подготовка и структурата на предлог-проектите.

Со ваквите активности, Општина Радовиш продолжува да поттикнува активно учество, партнерство и отворен дијалог во креирањето на локалните политики и иницијативи од интерес за граѓаните.

 

 

 

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email