Бул. „Александар Македонски“ бр. 7 – 2420 Радовиш • (+389) 32 617 700
Република Северна Македонија

Општина Радовиш

Совет• Новости

Во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“, се одржа четвртата форумска сесија

Во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“, се одржа четвртата форумска сесија

Во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“, се одржа четвртата форумска сесија, на која присутните граѓани преку гласање избраа еден од трите предложени проекти, разгледувани во текот на претходните форумски сесии.

Посебен акцент беше ставен на презентацијата на трите предлог-проекти: „Инклузивно катче – за сите деца“, „На градот мој“ и „Зелено катче: Еко-инклузивен урбан простор за рекреација и активизам“.

По презентациите, учесниците се запознаа со критериумите за избор на проектите, по што следуваше гласање за предложените иницијативи. Со најголема поддршка од присутните граѓани беше избран проектот „На градот мој“, преку кој Радовиш ќе добие сувенирница и информативно катче за промоција на локалните убавини, културното наследство и туристичките потенцијали на градот.

Во завршниот дел од сесијата беа разгледани препораките од Форумот до Општина Радовиш, а беше формирана и работна група за следење на спроведувањето на избраните активности.

Форумската сесија претставува значаен чекор кон поттикнување на граѓанското учество, транспарентноста и заедничкото донесување одлуки за подобрување на условите за живот во Општина Радовиш.

Проектот „Зајакнување на општинските совети“ се реализира со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP).

 

 

 

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email