Бул. „Александар Македонски“ бр. 7 – 2420 Радовиш • (+389) 32 617 700
Република Северна Македонија

Општина Радовиш

Пријателствата што ги градиме денес се темел за уште посилна соработка утре

Денеска во Радовиш ни беа драги гости пријателите од Република Турција, претставници на збратимените општини со Општина Радовиш. Имав чест да остварам средба со градоначалникот на Ташкопру, Исмаил Арслан, градоначалникот на Чинарџик, Авни Курт, градоначалникот на Чифлик кој Јалова, Адил Јеле, како и со советниците и претставниците од овие општини. Нашите збратимени општини се многу […]

Јуручкиот фестивал – празник на традицијата, културата и заедништвото

„Тополница вчера беше вистински центар на јуручката традиција, култура, фолклор и заедништво. 18. Јуручки фестивал уште еднаш покажа дека нашите традиционални вредности имаат сила да ги поврзат генерациите и да привлечат гости од Македонија и Република Турција. Особено ме радува што на едно место се собраа голем број наши сограѓани, гости од Република Турција, како […]

ИНТЕРЕН ОГЛАС број 2 /2026 за пополнување на едно (1) работно местo со унапредување

Врз основа на член 48 од Законот за административните службеници (,,Сл.весник на РМ бр. 27/14,199/14,48/15,154/15,5/16,142/16 ,11/18 и Сл.весник на РСМ бр.275/19,14/20, 215/21,99/22 и 208/24) и член 2 од Правникот за формата и содржината на интерниот оглас,начинот на поднесување на пријавата за унапредување,начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто,како и начинот на нивно бодирање и […]

Завршено поплочувањето со бекатон на кејската улица покрај река Сушица

Завршено е поплочувањето на кејската улица покрај река Сушица, во индустрискиот дел на Радовиш. Оваа улица е една од локациите чие уредување беше побарано од граѓаните и компаниите кои секојдневно го користат овој простор. Во наредниот период, согласно предвидената динамика, ќе продолжи реализацијата на планираните активности и во останатите населени места, каде што се предвидени […]

Денес се одржа XXII итна седница на Советот на Општина Радовиш.

На седницата беше разгледана и усвоена Одлуката за прифаќање на донација на противпожарно возило од Здружението „ИЗВЕДЕН ОРАОВИЦА ДИЈАСПОРА“ од Швајцарија, наменето за потребите на Територијалната противпожарна единица – Радовиш. Особено значајно е што, покрај обезбедувањето на противпожарното возило, Здружението ги обезбеди и целосните средства за негов транспорт од Швајцарија до Радовиш. Со тоа, за […]

Денес се одржа втората форумска сесија во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“

Во Музејот на љубовта и уметноста – Радовиш, денес се одржа втората форумска сесија во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“. Во фокусот на средбата беа предлог-проектите и можностите за нивна реализација, при што учесниците ги разгледаа критериумите, ги презентираа своите идеи и разменија мислења за нивното понатамошно унапредување. Во текот на сесијата беа […]

Малешевски пат околу Подареш, на потегот од Смиланци кон Радовиш, која е во напредна фаза на реализација

Интензивно се работи на делницата од 1,2 километри од т.н. Малешевски пат околу Подареш, на потегот од Смиланци кон Радовиш, која е во напредна фаза на реализација. Овој патен правец е предвиден за движење на тешките товарни возила, со цел тие да не поминуваат низ населеното место Подареш. Со реализацијата на проектот значително ќе се […]

Оглас за прибирање на понуди за доделување на линии за превоз на патници на територијата на општина Радовиш

Врз основа на член 22 од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на Република Македонија“ бр. 68/04, 127/06, 114/09, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 6/12, 23/13, 120/13, 163/13, 187/13, 42/14, 112/14, 166/14, 44/15, 97/15, 124/15, 129/15, 193/15, 37/16, 71/16, 64/18, 140/18 и 163/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19, 67/22, 170/24, […]

Среќно првачиња! Нека секој училишен ден ви биде исполнет со нови знаења, другарства и успеси!

Денеска започна новата учебна година за нашите најмили – првоодделенците, кои за првпат ги отворија вратите на училиштето и го направија својот прв чекор во светот на знаењето. По повод нивниот прв училишен ден, наставниците им приредија топло добредојде, а повозрасните ученици подготвија свечена програма исполнета со музика, дружење и убави изненадувања. Срдечно добредојде и […]

Aмбасадорката на Германија во Македонија, Петра Дрекслер во посета на Општина Радовиш

Денеска во Радовиш имав чест да ја пречекам амбасадорката на Сојузна Република Германија во Македонија, Петра Дрекслер, со која остварив средба и разговаравме за можностите за унапредување на соработката, локалниот развој и реализацијата на идни проекти од значење за Општина Радовиш и нашите граѓани. Разговаравме за можностите за воспоставување и продлабочување на соработката со германските […]