Бул. „Александар Македонски“ бр. 7 – 2420 Радовиш • (+389) 32 617 700
Република Северна Македонија

Општина Радовиш

Потврда за заверка на одобрен Урбанистички проект со план за парцелација за вршење нова поделба на градежните парцели означени со ГП З.23, З.24, З.25, З.26, З.64, З.67 и З.68

ПОТВРДА ЗА ЗАВЕРКА НА ОДОБРЕН  УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ СО ПЛАН ЗА ПАРЦЕЛАЦИЈА за вршење нова поделба на градежните парцели означени со ГП З.23, З.24, З.25, З.26, З.64, З.67 и З.68 планирани на КП 4482/1 и 4478/1 КО Радовиш како и промена на границите кон ГП 3.27и ГП 3.29 со намена А1 – куќи за домување, Општина […]

Градоначалникот Почивалец на Генералното собрание на ЗЕЛС…

Градоначалникот Љупче Почивалец денеска присуствуваше на Генералното собрание на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), каде што се разговараше за актуелните предизвици со кои се соочуваат општините, како и за активностите насочени кон унапредување на локалната самоуправа во државата. На седницата беа разгледани повеќе прашања од значење за функционирањето на општините, можностите за подобрување […]

Работилница „Поблиску до граѓаните: Заштита од дискриминација и унапредување на човековите права“

Денес во Радовиш се одржа работилницата и дискусија „Поблиску до граѓаните: Заштита од дискриминација и унапредување на човековите права“, во организација на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Народниот правобранител, со поддршка на Советот на Европа. На настанот беа презентирани механизмите за заштита на човековите права, улогата и надлежностите на институциите во спречувањето […]

Радовиш дел од проектот „Отпорни и ефикасни комунални претпријатија во Македонија“

Градоначалникот Љупче Почивалец присуствуваше на официјалното започнување на проектот „Отпорни и ефикасни комунални претпријатија во Македонија“, на настан на кој учествуваа претставници на општините и јавните комунални претпријатија, државни институции, меѓународни организации, донатори, развојни банки, граѓански организации и медиуми. За реализација на проектот се обезбедени 6,5 милиони швајцарски франци грант од SECO, додека Министерството за […]

Нова енергија за детските паркови во нашата општина!

Градоначалникот Љупче Почивалец изврши увид во детските паркови во повеќе населени места, каде што во наредниот период ќе се реализира реконструкција на постојните паркови, а на одредени локации ќе се изградат и нови детски катчиња. Детските паркови се места каде што се создаваат најубавите спомени од детството. Затоа наша обврска е да обезбедиме безбедни, современи […]

Соопштение за спроведување на избори за членови на Советите на урбаните и месните заедници во општина Радовиш

С  О  О  П  Ш  Т  Е  Н  И  Е   Врз основа на чл.62,63 и 106 од Статутот на општина Радовиш, а согласно Одлуката на Советот на општина Радовиш за спроведување на избори за членови на Советите на урбаните и месните заедници во општина Радовиш и Правилата за работа на урбаните и месните заедници, […]

Известување за прво прскање против возрасни комарци по земјен пат

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ги известува граѓаните дека во периодот од 8 до 10 јуни 2026 година ќе се спроведе прво прскање против возрасни комарци по земјен пат на територијата на општините во Југоисточниот плански регион. Прскањето ќе се одвива според следниот распоред:  08.06.2026 година Општина Радовиш – од 21:00 часот Се известуваат пчеларите навремено да […]

Радовиш дел од пилот-проект за зајакнување на инклузивното образование

Радовиш официјално се приклучи кон проектот „Зајакнување на инклузијата на деца со посебни образовни потреби“, кој се реализира со поддршка на Детската фондација Песталоци од Швајцарија. За таа цел беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Општина Радовиш, Детската фондација Песталоци и Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО). Од страна на Општина Радовиш меморандумот го потпиша […]

Света Архиерејска литургија по повод „Слегувањето на Светиот Дух (Св. Троица)

Света Архиерејска литургија по повод „Слегувањето на Светиот Дух (Св. Троица) – Педесетница која ја отслужи Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион во храмот посветен на „Св. Троица“ Нека е за многу години!

Радовиш домаќин на 30-тите Регионални пензионерски спортски натпревари

Здружението на пензионерите на општините Радовиш и Конче денеска беа домаќини на 30-тите Регионални пензионерски спортски натпревари, кои се одржаа во и околу спортската сала „25-ти Мај“ и во просториите на СОУ „Коста Сусинов“ и ООУ „Крсте П. Мисирков“ во Радовиш. На натпреварите учествуваа здруженија на пензионери од Радовиш, Штип, Струмица, Свети Николе, Лозово и […]