Со големо задоволство вчера присуствував на завршницата на традиционалниот турнир Streetball 3×3 во Радовиш – спортски настан кој од година во година обединува млади, спортисти и љубители на кошарката.
Им честитам на победниците, екипата Кино Влае од Скопје, за заслужениот успех, како и на сите учесници кои со својата игра, фер-плеј и спортски дух придонесоа за уште едно успешно издание на турнирот.
Заедно со моите колеги, градоначалниците на Конче и Василево, имавме чест да ги врачиме наградите на најдобрите, испраќајќи порака дека спортот е вистинскиот начин за поврзување на младите и промоција на здравите вредности.
Општина Радовиш и понатаму ќе продолжи да ги поддржува спортските манифестации и иницијативи кои го збогатуваат животот во нашата заедница и го промовираат нашиот град.