Радовиш денеска домаќин на Меѓународниот турнир во борење „Македонски Бисер“.

Јубилејното 50-то издание на турнирот и одбележувањето на 30 години од големиот успех на БК Бучим беа дополнителен мотив спортската сала да биде исполнета со љубители на борењето и спортот. Овој прекрасно организиран настан, реализиран од страна на Боречката федерација и БК Бучим, уште еднаш ја потврди долгогодишната боречка традиција на Радовиш. Турнирот го отвори […]
Одржан меѓународниот детски фолклорен фестивал „ОРО ВЕСЕЛО“

Незаборавни настапи, прекрасни народни носии, детски насмевки и атмосфера исполнета со музика, игра и традиција вечерва беа присутни на плоштадот во Радовиш. Во рамките на меѓународниот детски фолклорен фестивал „ОРО ВЕСЕЛО“, уживавме во прекрасните настапи на учесниците кои со многу љубов и енергија ја претставија убавината на фолклорот и традицијата. Честитки до ФА „Бучим“ , […]
Ве покануваме на целодневен хепенинг и забава по повод јубилејниот турнир 50. години „Македонски бисер“ во Радовиш.

СРЦ „25 Мај“ – Радовиш 30.05.2026 | Сабота Почеток: 13:30 часот За атмосферата ќе се погрижат Пајак и DJ Зоки Бејбе, додека за добрата енергија и забавата во текот на целиот ден ќе биде задолжен Александар Михајловски. Очекувајте многу игри, награди и подароци, зона за храна и освежување, како и одлична забава за сите генерации! […]
Ларвицидна дезинсекција – прскање против комарци

Денеска беше спроведена ларвицидна дезинсекција – прскање против комарци на територијата на општините од Југоисточниот плански регион, меѓу кои и Радовиш. Активноста е дел од програмата за заштита на јавното здравје и намалување на ризикот од ширење на болести кои ги пренесуваат комарците.
Посета на ООУ „Кирил и Методиј“ – Ораовица по повод патронен празник

Денеска бевме гости на учениците од ООУ „Кирил и Методиј“ – Ораовица, кои го одбележаа својот патронен празник со свечена и пригодна програма. Учениците, заедно со своите ментори, подготвија богата програма исполнета со музика, настапи и театарска претстава, создавајќи пријатна атмосфера и незаборавни моменти за сите присутни. Со својата креативност, труд и посветеност, уште еднаш […]
Советот на Општина Радовиш денеска ја одржа Итната 15-та седница

Советот на Општина Радовиш денеска ја одржа Итната 15-та седница, свикана со цел донесување на Одлука за усвојување на Општинскиот енергетски план на Општина Радовиш. Причина за итноста е рокот утврден во дописот од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, со кој Општина Радовиш е задолжена најдоцна до 01.06.2026 година да достави број и […]
„Честит Курбан Бајрам“

„Честит Курбан Бајрам“ Нека празникот донесе мир, здравје, радост и благосостојба во секој дом. Празничните денови нека бидат исполнети со љубов, почит, хуманост и заедништво. Бајрам Шериф Мубарек Олсун!
„ОРО ВЕСЕЛО“ – Меѓународен детски фолклорен фестивал

„ОРО ВЕСЕЛО“ – Меѓународен детски фолклорен фестивал 29 до 31 Мај 2026 година Радовиш
Одржана манифестацијата за доделување на годишни награди за професори и наставници

Во свечена атмосфера исполнета со почит и благодарност, се одржа манифестацијата за доделување на годишни награди за професори и наставници, посветена на оние кои со својата работа, посветеност и знаење оставаат траен белег во образованието. На настанот беа одликувани наставници и професори кои во изминатата година се истакнаа со професионалност, иновативност, успешна работа со учениците […]
Иницијална средба од проектот „Зајакнување на општинските совети“

Вчера во Скопје се одржа иницијална координативна средба во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“, организирана со поддршка на УНДП, Швајцарската Влада и Министерството за локална самоуправа. Во проектот се избрани општините: Радовиш, Новаци, Шуто Оризари, Македонска Каменица, Кичево, Демир Капија, Врапчиште, Росоман, Кратово и Град Скопје. На средбата беа презентирани […]