Бул. „Александар Македонски“ бр. 7 – 2420 Радовиш • (+389) 32 617 700
Република Северна Македонија

Општина Радовиш

Иницијална средба од проектот „Зајакнување на општинските совети“

Вчера во Скопје се одржа иницијална координативна средба во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“, организирана со поддршка на УНДП, Швајцарската Влада и Министерството за локална самоуправа. Во проектот се избрани општините: Радовиш, Новаци, Шуто Оризари, Македонска Каменица, Кичево, Демир Капија, Врапчиште, Росоман, Кратово и Град Скопје. На средбата беа презентирани […]

Денеска во Манастирот „Св. Спас“ во Погулево, беше осветен светиот крст поставен во манастирскиот комплекс.

Денеска во Манастирот „Св. Спас“ во Погулево, по повод празникот „Спасовден“, беше осветен светиот крст поставен во манастирскиот комплекс. На овој свечен настан присуствуваа голем број верници, а чинот на осветување го извршија свештениците од Радовишката парохија. Нека празникот „Спасовден“ донесе здравје, мир, љубов и благосостојба во секој дом. Честит и вековит празник – Спасовден! […]

Доделени решенијата за субвенционирање на возачка дозвола

Градоначалникот на Општина Радовиш, Љупче Почивалец, денеска во Музејот на љубовта и уметноста ги додели решенијата за субвенционирање на возачка дозвола од Б категорија на 91 барател. Субвенциите се доделени согласно јавниот повик на Општина Радовиш, кој беше објавен во периодот од 05.02.2026 до 06.03.2026 година. Со оваа мерка, Општина Радовиш продолжува со поддршка на […]

Депонијата во Радовиш се санира и денеска

Депонијата во Радовиш се санира и денеска, при што механизацијата активно работи на покривање со земја и песок со цел целосно локализирање и санирање на состојбата. Градоначалникот Љупче Почивалец информираше дека се очекува целосно санирање на депонијата во наредните неколку денови. Општинските служби и понатаму остануваат на терен и продолжуваат со активности за надминување на […]

Ларвицидна дезинсекција – прскање против комарци

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ги известува граѓаните дека на 28мај 2026 година ќе се спроведе ларвицидна дезинсекција – прскање против комарци на територијата на општините во Југоисточниот плански регион. Активностите ќе се реализираат согласно следниот распоред: 28.05.2026 година (четврток) Општина Радовиш – со почеток во 09:00 часот, површина од 3 ха Се […]

Честитки по повод 20 Мај – Денот на пожарникарите

Градоначалникот Љупче Почивалец денеска ја посети Противпожарната единица во Радовиш, каде упати искрени честитки по повод 20 Мај – Денот на пожарникарите, до сите пожарникари, како и голема благодарност за нивната несебична, храбра и пожртвувана вклученост во справувањето со новонастанатата ситуација со пожарот на депонијата и нејзиното целосно санирање. Нивната посветеност, професионалност и пожртвуваност се […]

Апел до сите граѓани- Поради пожарот на градската депонија, апелираме до сите граѓани да ги почитуваат препораките за заштита на здравјето

Почитувани сограѓани,                 Како Градоначалник на Општина Радовиш и Командант на Кризниот штаб, а во консултација со лекарите од Центарот за јавно здравје – Штип, поради пожарот на градската депонија, апелираме до сите граѓани да ги почитуваат следните препораки со цел заштита на здравјето и безбедноста: Да се избегнува непотребен престој на отворено и да […]

Итна 14-та седница на Совет на Општина Радовиш

Советот денеска ја одржа Итната 14 –та седница која се свика со цел да се донесе Одлука за избор на најдобар наставник, воспитувач и неговател во образовните установи во Општина Радовиш. Согласно предвидените рокови во член 49 став 5 од Деловникот за работа на Советот на Општина Радовиш бр. 08-1216/1 од 25.09.2025 година и краткиот […]

Општина Радовиш и сите надлежни служби континуирано преземаат мерки за локализирање и целосно гаснење на пожарот

Поради пожарот на градската депонија, апелираме до сите граѓани да ги почитуваат препораките за заштита на здравјето. Општина Радовиш и надлежните служби активно работат на локализирање и гаснење на пожарот.     Почитувани сограѓани, Како Градоначалник на Општина Радовиш и Командант на Кризниот штаб, а во консултација со лекарите од Центарот за јавно здравје – […]