Бул. „Александар Македонски“ бр. 7 – 2420 Радовиш • (+389) 32 617 700
Република Северна Македонија

Општина Радовиш

СоветНовости

Советот на Општина Радовиш денеска ја одржа Итната 15-та седница

Советот на Општина Радовиш денеска ја одржа Итната 15-та седница

Советот на Општина Радовиш денеска ја одржа Итната 15-та седница, свикана со цел донесување на Одлука за усвојување на Општинскиот енергетски план на Општина Радовиш.

Причина за итноста е рокот утврден во дописот од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, со кој Општина Радовиш е задолжена најдоцна до 01.06.2026 година да достави број и копија од Службен гласник во кој е објавен Општинскиот енергетски план.

Поради исполнување на законските обврски и запазување на предвидените рокови, беше потребно свикување на итна седница на Советот на Општина Радовиш.

„Од наведените причини се предлага свикување на итна седница на Советот на Општина Радовиш“, се вели во образложението за итноста, кое го претстави претседателот на Советот, Гоце Дединец.

 

 

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
Новости
„Честит Курбан Бајрам“