ОДДЕЛЕНИЕ ЗА УРБАНИЗАМ И ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Урбанистичкото (урбано и рурално) планирање, издавањето на одобрение за градење на објекти од локално значење утврдени со закон, уредувањето на просторот и уредувањето на градежното земјиште

 

* Постапките, Образците и Барањата можете да ги превземете со кликнување 

Барање потврда од Урбанизам
Барање за решение за одобрување на измена во текот на изградбата
Барање за промена на инвеститор
Барање за пренамена на станбен во деловен простор или од деловен во станбен простор
Барање за поставување на рекламни паноа
Барање за поставување на оптички кабли
Барање за оформување на градежна парцела
Барање за отуѓување на градежно земјиште
Барање за отпочнување на постапка за ЛУПД
Барање за отпочнување на постапка за измена и дополнување на ДУП
Барање за одобрување на проект за инфраструктура за линиски инфраструктурни објекти
Барање за одобрување на планска програма
Барање за одобрение за реконструкција
Барање за одобрение за пренамена од станбен во деловен простор
Барање за одобрение за подготвителни работи
Барање за локална планска документација
Барање за издавање потврда за точна адреса и број
Барање за издавање на решение за одобрување на проект за адаптација
Барање за издавање на потврда за користење на јавна површина во близина на куќата
Барање за издавање на одобрение за реконструкција
Барање за издавање на одобрение за градење
Барање за издавање извод од проект за инфраструктура
Барање за издавање извод од ЛУПД
Барање за издавање извод од ДУП
Барање за издавање извод од ДУП (општ акт за населено место)
Барање за издавање извод од ГУП
Барање за изградба на потпорен ѕид
Барање за изградба на помошни градби
Барање за изградба на ограда
Барање за изградба на некатегоризиран пат
Барање за изградба на градби со кои се овозможува и олеснува движењето на лицата со инвалидност
Барање за заверка на архитектонско-урбанистички проект
Барање за заверка и павосилност за увид на лице место на стари одобренија
Барање зa кодобрение за поставување на урбана опрема за физички лица
Барање зa кодобрение за поставување на урбана опрема за правно лица
Барање  за одобрение за отстапување на објект
Барање за на утврдување на правен статус на бесправни објекти
Барање за заверка и павосилност за увид на лице место
Барање за заверка на архитектонско-урбанистички проект
Барање за извод од проект за инфраструктура
Барање за одобрение промена на градител
Барање за одобрување Елаборат за животна средина
Барање за одобрување на идеен проек
Барање за прекоп преку локален пат-улица
Барање за продолжување на постапка за утвдрување на правен статус на бесправни објекти

 

Стандардизирани постапки

Постапка за издавање на одобрение за новоградба (вклучително доградби и надградби)
Постапка за издавање на одбрение за адаптација со пренамена
Постапкa за издавање на решение за промена на градител
Постапка за заверка на основен проект (за градби за кои не е потребно одобрение за градење)
Постапка за дополнување на основниот проект со анекс на основен проект
Постапка за издавање одобрение за отстранување
Постапка за остварување право на жалба

 

* Постапките и Образците можете да ги превземете со кликнување 

 

УЛОГАТА И ЗНАЧЕЊЕТО НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА
ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ ВО СКЛОП НА ОПШТИНА РАДОВИШ

 

Одделението за Локален економски развој работи во склоп на секторот за Урбанизам, Заштита на животната средина, комунални работи и ЛЕР. Но сепак се повеке е тенденција да се формираат самостојни сектори за локален развој со посебни одделенија кон посебните сфери на локалното живеење.  Локалниот развој или одржливиот локален развој е една од новите задолженија и активности на локалните самоуправи согласно Законот за децентрализација. Со него се определуваат и генералните задолженија кои се вклопени во Статутот на општината и во актот за систематизација.

Овие процеси се дел од процесите кои веќе ги имаат применето земјите на европската унија и воглавно се водени од пристапот ,,од долу-нагоре,, – “bottom-up-approach” почнувајќи од базата па до централните институции. Така и одделенијата за ЛЕР се последната или првата алка во базата која понатаму продолжува на регионално ниво и поврзување со Центар за регионален развој, Агенција за рамномерен регионален развој и Владата.

Сепак основна цел на одделението за ЛЕР е привлекување за инвестиции и финансиски средства кои ќе допринесат за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните на општината, како и изработка на стратешки документи во кој процес треба, а и се вклучени голем број на институции, здруженија и граѓани. Во текот на работните активности се исполнуваат следните задачи:  следење и аплицирање на тековни повици за финансирање на проекти од важност на „општото добро„ , подршка на бизнис секторот преку јавно приватно партнерство во процесот на стратешко планирање, аплицирање и реализација на проекти од заеднички интерес и подршка и соработка со невладиниот сектор.

Главна задача на ЛЕР е да планира, аплицира и реализира проекти во интерес на 3 столба на современото општество: Економијата, Животната средина и Социјалната сфера.

Планирањето на локалниот развој опфака анализа на историскиот развој на една локална самоуправа, анализа на постојната ситуација и анализа на идниот развој, се со цел да утврдиме тековни или идни проблеми и приоритети кои ке се решаваат со заеднички напори. накратко кажано треба да се утврди „каде се наогаме„ , „каде сакаме да стигнеме„ и „по кој пат и на кој начин„. Притоа по завршувањето на процесот на планирање се изработува една завршна стратегија за локален развој за сите области (во моментот има тенденција кон изработка на стратегии за одржлив развој) или се дисеминираат во повеке грански стратегии кои опфакаат посебни гранки на современото живеење (стратегија за цврст отпад, стратегија за вработување итн.) . Секоја локална самоуправа сама го решава пристапот кон процесот на планирањето и изработката на документите. На крај за да има важност локалното планирање истите се усвојуваат од страна на советите на општините.

Аплицирањето значи, согласно претходно утвредните проблеми и приоритети-стратешкотото планирање, следење на фондовите или финансиерите кои подржуваат проекти од интерес на локалните самоуправи или од општ интерес (фондовите или финансиерите можат да бидат Јавни или приватни, домашни или од странство, да бидат општи или со посебна  намена итн..). Потоа, согласно правилата на менаџментот на проектен циклус, изработка на проектите (ставање на хартија)и нивно аплицирање.После одобрувањето од страна на финансиерот следи нивна реализација.  На крај се врши евалуација од страна на ЛЕР единиците и се пристапува кон повторно планирање-ревизија на стратешките документи.

Како нова компонента се јавува и одржливиот развој како се по актуелна тема на современото живеење. Недостатокот на ресурси во современото живеење придонесува кон пошироко согледување на проблемите иако се работи за локална сфера на дејствување.  Имено како тренд се јавува локалното ораганизирање на заинтересираните групи кои со подршка на ЛЕР единиците формираат локални акциони групи кои се основна база на податоци за утврдување на стратешките проблеми и приоритети на една локална самоуправа или заедница. Оттука може да се види дека приоритет на ЛЕР единиците е рамномерниот и одржливиот развој на општинско ниво.

Инаку ако го анализираме називот на единиците „ЛЕР-Локален економски развој„ кон улогата и задачите кои тие ги вршат, ке забележиме дека подобар би бил називот Локален развој, бидејки терминот „економски„ е претесен за да ги опфати сите сфери на човековиот интерес и живеење.

За крај може да заклучиме дека единиците на локалниот економски развој во која и да се форма или статус се срцето на општините. Во поглед на подршка се побрзиот и поефикасниот начин на живеење, императив е во една локална самоуправа сите останати сектори или одделенија, како и самите грагани да се стават во функција на локалниот развој – во функција на единиците на ЛЕР.

 

::: НАДЛЕЖНОСТИ НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ :::

– Стратешко планирање на локалниот равој (Стратегија за ЛЕР, ЛЕАП, Образование, и др.). (на ниво на трите столба: Економија, Животна средина и Социјала)

– Соработка со сите сектори и одделенија во ЕЛС Радовиш за усогласување со стратешките планови.

– Стратешко планирање на регионалниот развој (Југоисточен плански регион).

– Следење, подготовка и аплицирање на јавни повици за доделување на грантови од страна на разни донатори, фондови и државни институции  за локално и регионално ниво.

– Имплементирање на одобрени грантови или насочување за имплементација на истите до соодветните одделенија и Сектори во ЕЛС.

– Издавање на потврда за усогласеност со стратешките документи на ЕЛС Радовиш.

– Работа на ИПА програмата на локално и регионално ниво (Прекугранична соработка, ИПАРД, и др.).

– Преведување на документи за потребите на општината (на Англиски јазик).

– Одржување на комуникација и воспоставување на проектно насочена соработка  со Локалните НВО/ЗГ,  МСП и Занаетчии.

– Учество на семинари, обуки и работилници од значење за локалниот и регионалниот развој.

– Учество во различни комисии од локално и регионално значење.

 

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ (ЛЕР): 

ler@radovis.gov.mk

(во продолжение пдф –документите за изработените стратегии и прирачници)

  1. ЛОКАЛЕН АКЦИОНЕН ПЛАН ЗА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ
  2. ЛОКАЛЕН АКЦИОНЕН ПЛАН ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
  3. ПРЕДЛОГ ПЛАН ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА РАБОТАТА
  4. ПРОФИЛ НА ОПШТИНАТА
  5. СТРАТЕГИЈА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ
  6. СТРАТЕГИЈА ЗА СОЦИЈАЛНО ВКЛУЧУВАЊЕ
  7. СТРАТЕГИЈА ЗА ЛЕР
  8. ТУРИСТИЧКА БРОШУРА
  9. ВОДИЧ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА
  10. СТРАТЕШКИ ПЛАН ЗА ЛОКАЛЕН РАЗВОЈ НА ОПШТИНИТЕ РАДОВИШ И КОНЧЕ 2014-2020 ГОДИНА
  11. СТРАТЕГИЈА ЗА РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ ВО ОПШТИНА РАДОВИШ
  12. СТРАТЕГИЈА ЗА ПОДДРШКА НА МСП И ВРАБОТУВАЊЕ ВО ОПШТИНА РАДОВИШ
  13. ЗЕЛЕНА АГЕНДА РАДОВИШ