Почитувани,

Општина Радовиш заради подобрување на ефикасноста и транспарентосноста на јавно достапните услуги и подобрување на квалитетот на услугите кон граѓаните воведе систем 48 часа.

Граѓаните својот проблем или барање можат да го пријават 24 часа дневно. Врз основа на пријавениот проблем или барање службите веднаш ќе излезат на терен. Во рок од 48 часа граѓаните ќе добијат одговор за статусот и рокот за решавање, конечно решение или поведена постапка за решавање на пријавеното барање.

Наведете ја точната адреса (улица и број) или поблиску опишете ја локацијата на која треба да се изврши интервенција, овде преку оваа контакт форма СИСТЕМ 48-Пријави проблем или директно на еmailsistem48@radovis.gov.mk

 

    • или испратете ПРИЈАВА на следниот маил: sistem48@radovis.gov.mk

    Упатство за користење на системот

     

    Од листата на проблеми во менито на системот одберете го вашиот проблем. Во пријавата наведете ја точната адреса (улица и број) или поблиску опишете ја локацијата на која треба да се изврши интервенција.
    Напишете ги вашите контакт информации за да може да одговориме на вашата пријава и да ве информираме.

     

    Што се можете да пријавите од листата:
    • Улично осветлување (пријавете дефект на улично осветлување).
    • Улици, патишта и тротоари (пријавете оштетување на асфалт, бетон, камени коцки и бекатон, пријавете работа на патишта, улици и тротоари).
    • Објекти склони на рушење (пријавете објекти склони на рушење: стари куќи, потпорни ѕидови и сл).
    • Урбана опрема (пријавете оштетување на урбана опрема: клупи, корпи за отпадоци и детски забавни паркови).
    • Градба и дива градба (пријавете почеток на изградба на нов објект, доградба и надградба на постоечки објект).
    • Животна средина (пријавете непријатна миризба, загадување на амбиентален воздух, површински води или реки).
    • Пријавете долготрајна и честа појава на бучава (од угостителски објекти, работа на машини и постројки).
    • Отпад (пријавете несовесно постапување со комунален, комерцијален, индустриски неопасен отпад, растителен отпад, отпад од пакување, отпадни масла, искористени (хаварисани) возила, проблеми со собирање и транспорт на отпад од ЈП Плаваја, отпад во приватен имот кој предизвикува нарушување на здравјето на луѓето, градежен шут на регионални, локални патишта и во природа.
    • Кучиња скитници (пријавете присуство на кучиња и мачки скитници на јавна површина кои се болни и агресивни).
    • Јавно зеленило (пријавете уништување и узурпација на јавно зеленило, зеленило покрај улици, паркови, плоштади, кеј, културно историски споменици, јавни паркиралишта, детски забавни паркови, игралишта, гробишта).
    • Гробишта (пријавете скрнавење на надгробни споменици во гробиштата).
    • Водовод и канализација (пријавете го секое течење на вода било да е од водовод или канализација).
    • Пријавете дефект на водоводна инсталација.
    • Пријавете ако има запушување на канализациона мрежа.
    • Пријавете паркирано возило над водоводна или канализациона шахтa.
    • Пријавете ако некој гради над водоводната или канализационата мрежа.
    • Пријавете ако некој врши ископ на подземната водоводна или канализациона мрежа.
    • Пријавете приклучок на водоводна или канализациона мрежа без присуство на овластени лица од ЈП Плаваја, Радовиш.
    • Сообраќајна сигнализација (пријави потреба за поставување на сообраќајна сигнализација на одредени локалитети согласно сообраќајните прописи).
    • Пријави оштетување на постојната сообраќајна сигнализација.