Бул. „Александар Македонски“ бр. 7 – 2420 Радовиш • (+389) 32 617 700
Република Северна Македонија

Општина Радовиш

Новости

Градежни активности за регулација на речното корито во населеното место Воиславци, проект со кој се решава повеќедецениски проблем со кој се соочуваа жителите

Градежни активности за регулација на речното корито во населеното место Воиславци, проект со кој се решава повеќедецениски проблем со кој се соочуваа жителите

Градоначалникот на Општина Радовиш, Љупче Почивалец, денеска изврши увид во градежните активности за регулација на речното корито во населеното место Воиславци, проект со кој се решава повеќедецениски проблем со кој се соочуваа жителите.

Со зафаќањето и уредувањето на суводолицата (поројот), кој при интензивни врнежи од дожд претставуваше сериозен ризик за населението и имотите, се решава еден од најдолготрајните инфраструктурни предизвици во селото.

Градежните активности за регулација на речното корито се во завршна фаза и опфаќаат делница во должина од 156 метри. Во рамки на денешниот увид, градоначалникот се запозна со текот на работите и динамиката на реализацијата на проектот.

Паралелно со овие активности, во напредна фаза на реализација е и изградбата на улицата по трасата на регулираниот порој, во должина од 640 метри, со што значително ќе се подобри сообраќајната инфраструктура и пристапноста во населеното место.

Со оваа инвестиција значително се подобрува безбедноста, се намалува ризикот од поплави и се создаваат поквалитетни услови за живот за жителите на Воиславци.

 

 

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email