Бул. „Александар Македонски“ бр. 7 – 2420 Радовиш • (+389) 32 617 700
Република Северна Македонија

Општина Радовиш

Новости

Градоначалникот Љупче Почивалец заедно со министерот за локална самоуправа Златко Перински присуствуваа на презентацијата и официјалното отпочнување на проектот „Зелено за добро“

Градоначалникот Љупче Почивалец заедно со министерот за локална самоуправа Златко Перински присуствуваа на презентацијата и официјалното отпочнување на проектот „Зелено за добро“

Градоначалникот Љупче Почивалец заедно со министерот за локална самоуправа Златко Перински и градоначалниците од Југоисточниот плански регион, денеска во Струмица присуствуваа на презентацијата и официјалното отпочнување на проектот „Зелено за добро“, кој е кофинансиран од Европската Унија и националните фондови на земјите учеснички преку ИПА програмата за прекугранична соработка „Грција – Македонија 2021–2027“.

Општина Радовиш преку овој проект ќе добие:

  • фотоволтаичен систем од 40 kW на основното училиште „Никола Карев“,

  • зелена урбана градина,

  • еден полнач за електрични возила, кој ќе биде интегриран во фотоволтаичниот систем.

Градоначалникот Љупче Почивалец на настанот изрази благодарност до министерот за локална самоуправа и до Југоисточниот плански регион, кои заедно со сите општини од регионот, вклучително и Општина Радовиш, активно учествуваат во реализацијата на овој значаен прекуграничен проект.

Со ваквите инвестиции, Радовиш прави конкретен чекор кон енергетска ефикасност, заштита на животната средина и одржлив локален развој.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email