Бул. „Александар Македонски“ бр. 7 – 2420 Радовиш • (+389) 32 617 700
Република Северна Македонија

Општина Радовиш

Новости

Делегација од општина Akhisar, Република Турција во посета на Општина Радовиш

Делегација од општина Akhisar, Република Турција во посета на Општина Радовиш

Во работна посета на Општина Радовиш престојуваше делегација од општина Akhisar, Република Турција, предводена од претседателот на Здружението на балкански иселеници, Tunay Gül, заедно со членови на управниот одбор на здружението.

Во состав на делегацијата беа и советникот во општина Akhisar, Göksel Yıldırım, меѓународниот координатор Kadir Emin, како и раководителот на Одделението за надворешни работи на општина Manisa, Mehmet Ali.

За време на посетата, делегацијата беше примена од секретарот на Општина Радовиш, Спасија Ефнушева, заедно со советникот и координатор за односи со Република Турција, Енис Омер.

На средбата се разговараше за можностите за продлабочување на меѓусебната соработка, како и за реализација на заеднички проекти и потенцијални инвестиции во општина Радовиш од страна на инвеститори од Република Турција.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email