Бул. „Александар Македонски“ бр. 7 – 2420 Радовиш • (+389) 32 617 700
Република Северна Македонија

Општина Радовиш

Соопштенија

ИНТЕРЕН ОГЛАС број 1 /2026 за пополнување на две (2) работни места со унапредување

ИНТЕРЕН ОГЛАС број 1 /2026 за пополнување на две (2) работни места со унапредување

Врз основа на член 48 од Законот за административните службеници (,,Сл.весник на РМ бр. 27/14,199/14,48/15,154/15,5/16,142/16 ,11/18 и Сл.весник на РСМ бр.275/19,14/20, 215/21,99/22 и 208/24) и член 2 од Правникот за формата и содржината на интерниот оглас,начинот на поднесување на пријавата за унапредување,начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто,како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција,во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас (Сл. Весник на РСМ бр.259/2024),Општина Радовиш, објавува:

          ИНТЕРЕН ОГЛАС број 1/2026                                                                                                               за пополнување на  две (2) работните места со унапредување

 

1.Шифра: УПР0101В01000

Назив:Советник за нормативни работи,Одделение за нормативно-правни работи/Сектор за нормативно-правни,јавни дејности и општи работи-1(еден) извршител.

 

-Посебни услови:

Стручни квалификации- ниво на квалификациите VI A според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен;

Вид на образование: Правни науки.

Работно искуство- најмалку три години работно искуство во струката.

 

-Потребни општи работни компетенции на средно  ниво:

-решавање на проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;

-учење и развој;

-комуникација;

-остварување резултати;

-работење со други/тимска работа;

-стратешка свест;

-ориентираност кон клиенти/засегнати страни;и

-финансиско управување.

-Потребни посебни работни компетенции:

-активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски,француски,германски);

-активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

 

-Работно време: понеденик до петок, од 07. 30-15 .30 часот,40 часа неделно работно време.

-Паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 42.387,00 денари.

 


 

2.Шифра: УПР0101В02000

Назив:Виш соработник- администратор за информатичка технологија,Одделение за јавни дејности и општи работи/Сектор за нормативно-правни, јавни дејности и општи работи-1(еден) извршител.

 

-Посебни услови:

Стручни квалификации-  ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;

 

Вид на образование: Компјутерски и информациски науки.

 

Работно искуство- најмалку две години работно искуство во струката

-Потребни општи работни компетенции на средно  ниво:

-решавање на проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;

-учење и развој;

-комуникација;

-остварување резултати;

-работење со други/тимска работа;

-стратешка свест;

-ориентираност кон клиенти/засегнати страни;и

-финансиско управување.

 

-Потребни посебни работни компетенции:

-активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски,француски,германски);

-активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

 

-Работно време: понеденик до петок, од 07. 30-15 .30 часот,40 часа неделно работно време.

-Паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 38.742,00 денари.

 

  1. Кандидатот кој аплицира на интерниот оглас треба да ги исполнува и следните општи услови:

да е државјанин на Република Северна Македонија;

-активно да го користи македонскиот јазик;

-да е полнолетен;

-да има општа здравствена способност за работното место и

-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија,дејност или должност.

-На интерниот оглас може да се јави административен службеник,вработен во Општина Радовиш,кој ги исполнува горенаведените општи и посебни услови за пополнување на работното место пропишани за соодветното ниво во овој закон и актот за систематизација,како и:

-да е оценет со оцена ,,A”или ,,Б”при последното оценување;

-да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас;

-да поминал најмалку две години на истото ниво и

-да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

-Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови,можат да ги приложат и следните докази:

-потврди за успешно реализирани обуки

-потврди за успешно реализирано менторство

-Рокот за доставување на пријавите изнесува 5 (пет) дена,од денот на објавувањето на огласот.

-Заинтересираните административни службеници поднесуваат пополнета пријава и докази за исполнување на општите и посебните услови за работното место(доколку истите ги немаат предходно доставено во персоналното досие)преку архивата на Општина Радовиш до Одделението за управување со човечки ресурси на адреса ОпштинаРадовиш,бул.Александар Македонски бр.2 како и до службената електронска адреса resursi@radovis.gov.mk со назнака ,,за интерен оглас”.

-Ненавремена,нецелосна и неуредно пополнета пријава нема да биде предмет на разгледување.

-Постапката ќе ја спроведе Комисијата за селекција за унапредување формирана од страна на Секретарот на Општина Радовиш.

 

НАПОМЕНА:Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошна постапка.

 

составил/Петар Поп-Лазаров

 

                                                                                                              Секретар,

                                                                                                      Спасија Ефнушева 

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email