Продолжуваме со реализација на конкретни проекти за подобрување на комуналната инфраструктура и условите за живот на нашите сограѓани.
Во Карши Маале во населеното место Подареш во тек е изградбата на фекалната канализациона мрежа, проект со вкупна должина од 2.528 метри. Со зафатот се предвидува опфаќање на фекалните отпадни води од припадните површини и шест краци, како и нивно приклучување кон постоечката фекална шахта во непосредна близина.
Ова е значаен инфраструктурен зафат за жителите на Карши Маале и Подареш, бидејќи со неговата реализација создаваме подобри и пофункционални услови за секојдневно живеење.
Како локална самоуправа, продолжуваме посветено да работиме на решавање на инфраструктурните потреби и на реализација на проекти кои носат директна корист за граѓаните.
Љупче Почивалец
Градоначалник на Општина Радовиш


