Бул. „Александар Македонски“ бр. 7 – 2420 Радовиш • (+389) 32 617 700
Република Северна Македонија

Општина Радовиш

Новости

Прием на членовите од клубот за Muay Thai и кик-бокс „Адреналин“ Радовиш

Прием на членовите од клубот за Muay Thai и кик-бокс „Адреналин“ Радовиш

Градоначалникот на Општина Радовиш, Љупче Почивалец, оствари прием со членовите на клубот за Muay Thai и кик-бокс „Адреналин“ од Радовиш.

Повод за средбата беше нивниот успешен настап на Државното првенство во кик-бокс, кое изминатиот викенд се одржа во Скопје, каде што освоија повеќе златни, сребрени и бронзени медали. За дел од младите борци ова беше и прво официјално натпреварувачко искуство, во кое за првпат го почувствуваа адреналинот во рингот.

Градоначалникот Почивалец упати честитки и до Мирче Василев за освоената титула и шампионскиот појас, кој го освои во земјата на Muay Thai  -Тајланд, на престижниот Bangla Boxing Stadium, со што донесе значајно признание за Македонија.

Посакувајќи им уште многу спортски успеси, градоначалникот им се заблагодари што достојно го претставуваат Радовиш и Македонија, нагласувајќи дека локалната самоуправа секогаш ќе ги поддржува младите и перспективни спортисти.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email