Денес присуствував на работна средба со директорот Гоце Димовски и колегите градоначалници, на која разговаравме за процесот на трансформација на нефункционалните технолошко-индустриски развојни зони во индустриски зони и нивното ставање во надлежност на локалната самоуправа.
Оваа иницијатива претставува значаен чекор кон создавање нови можности за економски развој на општините, поголема поддршка за домашните компании и отворање простор за нови инвестиции. Со преземањето на надлежностите, општините ќе имаат поголема флексибилност во управувањето со зоните, подобро искористување на постојната инфраструктура и можност побрзо да одговорат на потребите на стопанството.
За Општина Радовиш, ваквата трансформација е особено важна бидејќи отвора нови перспективи за локалниот економски развој, привлекување инвеститори и создавање услови за раст и развој на домашните компании. Нашата цел е да обезбедиме подобра бизнис-клима, нови работни места и посилна локална економија.
Како локална самоуправа, подготвени сме активно и конструктивно да се вклучиме во целиот процес, со цел да обезбедиме успешна и ефикасна транзиција која ќе донесе конкретни придобивки за граѓаните и стопанството во Радовиш.
