Бул. „Александар Македонски“ бр. 7 – 2420 Радовиш • (+389) 32 617 700
Република Северна Македонија

Општина Радовиш

СоопштенијаНовости

Јавен повик за пријавување за претрпено материјална штета настаната како последица на природна непогода, силно невреме, обилни врнежи од дожд

Јавен повик за пријавување за претрпено материјална штета настаната како последица на природна непогода, силно невреме, обилни врнежи од дожд

ЈАВЕН ПОВИК

Општина Радовиш ги повикува граѓаните кои имаат претрпено материјална штета настаната како последица на природна непогода, силно невреме, обилни врнежи од дожд, град, силен ветер, поплава или друга елементарна непогода што го зафати подрачјето на Општина Радовиш на ден 21.07.2026 година (вторник), да ја пријават штетата до Општинската комисија за процена и утврдување на висината на штети од природни непогоди и други несреќи.

 

Барањето за пријавување на штета, пополнето со бараните податоци и документи, се доставува до

Архивата на Општина Радовиш,

ул. Булевар Александар Македонски бр. 7, Радовиш,

најдоцна до 05.08.2026 година.

Истото може да се подигне во Архивата или да се преземе од официјалната веб-страница на Општина Радовиш www.radovis.gov.mk

 

Во Барањето задолжително е да се опише настанатата штета и точната локација на која е настаната.

Во прилог на Барањето, подносителот задолжително доставува:

  • Копија од лична карта;
  • Копија од трансакциска сметка;
  • Доказ за сопственост или користење на недвижниот имот (имотен лист, договор за закуп или друг соодветен документ);
  • Фотографии од настанатата штета;
  • Пополнета Пријава за штета;
  • Изјава за штета;
  • Изјава дека имотот не е осигуран.

Пријавувањето на штетите може да се изврши во рок од 7 (седум) работни дена од денот на настанувањето на природната непогода, односно најдоцна до 05.08 2026 година.

 

Поднесените барања ќе бидат разгледани од страна на Општинската комисија за процена и утврдување на висината на штети од природни непогоди и други несреќи, која ќе изготви Првичен извештај и ќе го достави до Советот на Општина Радовиш и до Владата на Република Северна Македонија.

Барањата доставени по истекот на рокот, некомплетните барања, како и барањата за кои не може да се воспостави контакт со подносителот поради недоставени или неточни контакт-податоци, нема да бидат предмет на разгледување и процена.

 

ОПШТИНА РАДОВИШ
Општинска комисија за процена и утврдување на висината на штети
од природни непогоди и други несреќи

 

 

ПРИЈАВА НА ШТЕТА  (преземи)

ИЗЈАВА 1  (преземи)

ИЗЈАВА 2  (преземи)

 

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email