Бул. „Александар Македонски“ бр. 7 – 2420 Радовиш • (+389) 32 617 700
Република Северна Македонија

Општина Радовиш

НовостиОбраќања

Општина Радовиш и сите надлежни служби континуирано преземаат мерки за локализирање и целосно гаснење на пожарот

Општина Радовиш и сите надлежни служби континуирано преземаат мерки за локализирање и целосно гаснење на пожарот

Поради пожарот на градската депонија, апелираме до сите граѓани да ги почитуваат препораките за заштита на здравјето.

Општина Радовиш и надлежните служби активно работат на локализирање и гаснење на пожарот.

 

 


Почитувани сограѓани,

Како Градоначалник на Општина Радовиш и Командант на Кризниот штаб, а во консултација со лекарите од Центарот за јавно здравје – Штип, поради пожарот на градската депонија, апелираме до сите граѓани да ги почитуваат следните препораки со цел заштита на здравјето и безбедноста:

  • Да се избегнува непотребен престој на отворено и да се ограничат движењата, особено во периоди кога чадот е најинтензивен;
  • Да се следат известувањата и препораките од надлежните институции преку радио, телевизија, интернет портали и мобилни апликации;
  • Да се почитуваат сите наредби за евакуација или засолнување доколку тоа биде побарано од надлежните служби;
  • Прозорците и вратите во домовите и работните простории да се држат затворени;
  • Да се исклучат клима уредите и системите за вентилација кои внесуваат надворешен воздух;
  • Граѓаните да престојуваат во затворени простории со што помалку отвори кон надвор;
  • Да не се приближува и да не се воспоставува контакт со отпад или предмети од погоденото подрачје сè до добивање официјална дозвола од надлежните служби;
  • Да се користат заштитни маски што филтрираат честички, при што најдобра заштита обезбедуваат маски од типот FFP2, FFP3 или N95;
  • Да се избегнуваат спортски, рекреативни и други активности на отворено;
  • Да не се дозволува престој на деца на отворено, особено во дворовите на градинките и училиштата;
  • Посебна заштита да се обезбеди за ранливите категории граѓани – децата, постарите лица, бремените жени и лицата со хронични заболувања, кои треба да останат во најзаштитените простории;
  • Доколку се појават симптоми како отежнато дишење, кашлица, печење во очите, вртоглавица или други здравствени тегоби, веднаш да се побара медицинска помош;
  • Се препорачува работодавачите, согласно можностите, да овозможат ослободување од работа или работа од дома за ризичните категории вработени.

Општина Радовиш и сите надлежни служби континуирано преземаат мерки за локализирање и целосно гаснење на пожарот. Апелираме на смиреност, одговорност и почитување на препораките, со цел заеднички да го заштитиме здравјето на граѓаните.

 

Градоначалник на Општина Радовиш
Командант на Кризниот штаб

                Љупче Почивалец

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email