Бул. „Александар Македонски“ бр. 7 – 2420 Радовиш • (+389) 32 617 700
Република Северна Македонија

Општина Радовиш

СоветНовости

Итна 14-та седница на Совет на Општина Радовиш

Итна 14-та седница на Совет на Општина Радовиш

Советот денеска ја одржа Итната 14 –та седница која се свика со цел да се донесе Одлука за избор на најдобар наставник, воспитувач и неговател во образовните установи во Општина Радовиш.

Согласно предвидените рокови во член 49 став 5 од Деловникот за работа на Советот на Општина Радовиш бр. 08-1216/1 од 25.09.2025 година и краткиот временски период од стапувањето во сила на Правилникот за избор на најдобар наставник, воспитувач и неговател во образовните установи во Општина бр. Радовиш бр. 08-688/1 од 29.04.2026 година и целата постапка предвидена во член 5 и 6 од истиот Правилник, а со оглед на краткиот времески период на организирање на традиционалната свечаност по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители и учители или Ден на светите солунски браќа Кирил и Методиј (државен македонски празник) потребно е да се донесе оваа Одлука.

Од наведените причини, се предлага свикување на итна седница на Советот на Општина Радовиш.

 

   

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email