Денеска во Манастирот „Св. Спас“ во Погулево, по повод празникот „Спасовден“, беше осветен светиот крст поставен во манастирскиот комплекс.
На овој свечен настан присуствуваа голем број верници, а чинот на осветување го извршија свештениците од Радовишката парохија.
Нека празникот „Спасовден“ донесе здравје, мир, љубов и благосостојба во секој дом.
Честит и вековит празник – Спасовден!



