Градоначалникот Љупче Почивалец изврши увид во детските паркови во повеќе населени места, каде што во наредниот период ќе се реализира реконструкција на постојните паркови, а на одредени локации ќе се изградат и нови детски катчиња.
Детските паркови се места каде што се создаваат најубавите спомени од детството. Затоа наша обврска е да обезбедиме безбедни, современи и уредени простори за игра, дружење и рекреација за сите деца.
Во следните денови ќе бидат посетени и останатите локации каде што е потребна реконструкција, како и поставување на нови детски играчки и урбана опрема.
Продолжуваме посветено да инвестираме во подобри услови за живот, поквалитетна средина и посреќно детство за сите наши најмлади сограѓани.



