Денес во Радовиш се одржа работилницата и дискусија „Поблиску до граѓаните: Заштита од дискриминација и унапредување на човековите права“, во организација на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Народниот правобранител, со поддршка на Советот на Европа.
На настанот беа презентирани механизмите за заштита на човековите права, улогата и надлежностите на институциите во спречувањето на дискриминацијата, како и можностите што им стојат на располагање на граѓаните за остварување и заштита на нивните права.
Преку отворена дискусија беа разменети мислења и искуства со цел зајакнување на свеста за еднаквоста, недискриминацијата и пристапот до правда.