Врз основа на член 22 став 1 точка 6 од Законот за локална самоуправа (“Службен весник на РМ” бр. 5/02), член 43 од Статутот на општина Радовиш (“Службен гласник на општина Радовиш” бр. 5/02), и согласно донесена Одлука на Совет бр.08/879-1 од 19.06.2026 год. од општина Радовиш објавува,
ЈАВЕН ПОВИК
за доставување на предлог-програми за реализација на
манифестација ВИНСКИ ФЕСТИВАЛ во Радовиш
I.Согласно донесената измена на годишната Програма за активности од областа на културата за 2026 год. од 19.06.2026 год., предвидените финансиски средства во Буџетот на општина Радовиш за 2026 год., и согласно донесена Одлука бр 08/879-1 од 19.06.2026 год., општина Радовиш го распишува овој јавен повик за доставување на предлог-програми за реализација на манифестација ВИНСКИ ФЕСТИВАЛ во Радовиш.
- Предлог-програмите треба да ги содржат следните податоци: период и локација на одржување, музичко-сценска програма, начин на организација на гастрономскиот дел со угостителски објекти, маркетинг-план и финансиска конструкција.
III. Заинтересираните правни лица (непрофитни организации, здруженија на граѓани, сојузи и сл.), предлог-програмите треба да ги достават до општина Радовиш, преку пошта на адреса: бул. Александар Македонски бр.7, Радовиш, или во архивата на општина Радовиш, со назнака – за Јавен повик за манифестација ВИНСКИ ФЕСТИВАЛ во Радовиш.
Покрај предлог-програмата, задолжително треба да достават и Тековна состојба издадена од Централен регистар на Р.М. не постара од 6 месеци.
Јавниот повик трае 5 дена заклучно со 26.06.2026 година.
Напомена: Нeкомплетните предлог-програми и оние што нема да бидат доставени во наведениот рок, нема да бидат разгледувани.
Изготвил : Игор Чапов, раководител на одделение
Одобрил : Весна Конзулова, раководител на сектор
22.06.2026 год. Градоначалник на општина Радовиш
Радовиш Љупче Почивалец