ИЗВЕСТУВАЊЕ
Согласно известувањето од МЗШВ и ЈП „Национални Шуми“, се воведува целосна забрана за движење во шума во периодот од 1 јули до 31 август 2026 година, поради зголемениот ризик од шумски пожари.
За движење во шума во наведениот период, ЈП „Национални Шуми“ – Подружница „Плачковица“ Радовиш ќе издава писмени одобренија секој работен ден (понеделник – петок) од 07:00 до 15:00 часот.
Апелираме до граѓаните да ја почитуваат забраната и да придонесат за заштита на шумите и природата.