Бул. „Александар Македонски“ бр. 7 – 2420 Радовиш • (+389) 32 617 700
Република Северна Македонија

Општина Радовиш

Новости

Во Радовиш денес се одржа Регионалниот форум на Југоисточниот плански регион посветен на одржливиот третман на биоотпадот.

Во Радовиш денес се одржа Регионалниот форум на Југоисточниот плански регион посветен на одржливиот третман на биоотпадот.

Форумот се реализира во рамки на проектот „Нула биоотпад: Системски промени во партнерство со граѓаните“, чија цел е да поттикне одржливо управување со биоотпадот, поголема еколошка свест и активно вклучување на граѓаните во заштитата на животната средина.
Проектот е поддржан од програмата „Цивика мобилитас“, финансирана од Владата на Швајцарија, а го спроведува Здружението за еколошко одржлив развој „Зелен институт“ во партнерство со Националното здружение на сопственици на приватни шуми.
Радовиш продолжува да биде домаќин и активен партнер во иницијативи кои придонесуваат за зачувување на животната средина и создавање поодржлива иднина за сите граѓани.
Facebook
X
LinkedIn
Print
Email