Бул. „Александар Македонски“ бр. 7 – 2420 Радовиш • (+389) 32 617 700
Република Северна Македонија

Општина Радовиш

Новости

Свеченоста во ООУ „Никола Карев“, по повод завршувањето на учебната година и испраќањето на генерацијата 2017-2026

Свеченоста во ООУ „Никола Карев“, по повод завршувањето на учебната година и испраќањето на генерацијата 2017-2026

Со особено задоволство денес присуствував на свеченоста во ООУ „Никола Карев“, по повод завршувањето на учебната година и испраќањето на генерацијата 2017-2026.

Денес не славиме само крај на едно поглавје, туку и трудот, знаењето, истрајноста и пријателствата што учениците ги градеа во изминатите девет години. Чест ми беше да им ги честитам успесите и да им посакам многу среќа на нивниот понатамошен образовен и животен пат.

Во рамките на свеченоста беа доделени признанија и награди на најуспешните ученици, како заслужено признание за нивната посветеност, одличните резултати и примерното однесување.

Упатувам искрени честитки до сите ученици, наставници, директорката Анита Митева Цветковски и родителите, кои заеднички придонесоа оваа генерација да израсне во млади луѓе подготвени за нови предизвици.

На сите ученици им посакувам многу успех, здравје и среќа. Нека знаењето што го стекнавте, спомените што ги создадовте и пријателствата што ги изградивте бидат ваша сигурна основа за иднината.

Честитки до сите наградени ученици! Продолжете да бидете гордост на вашето семејство, училиштето и нашиот Радовиш

 

 

 

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email