Вчера беше реализирано второто по ред прскање против комарци на територијата на Општина Радовиш.
Активноста беше спроведена по земјен пат од страна на Центарот за јавно здравје – Скопје, Служба за дезинфекција, дезинсекција и дератизација, согласно Годишната програма за дезинсекција на Општина Радовиш.
Со реализацијата на овие активности Општината продолжува со спроведување на превентивни мерки за намалување на популацијата на комарци, со цел заштита на здравјето на граѓаните и обезбедување попријатни услови за престој на отворено во текот на летниот период. Континуираното спроведување на дезинсекцијата е дел од заложбите за создавање побезбедна и поздрава животна средина за сите жители на Општина Радовиш.