Општина Радовиш ги известува сите правни субјекти дека поради неуспешна достава на решенијата за комунална такса за фирмарина на пријавените адреси во Оделение за даноци, такси и надоместоци при ЕЛС Општина Радовиш, Општина Радовиш изготви јавна објава за уредна достава на истите.
Со оваа објава се предупредуваат даночните обврзници, дека ваквиот начин на доставување се смета за уредна достава и дека негативните последици кои можат да настанат ќе ги сносат самите даночни обврзници.
Општина Радовиш ги повикува сите правни лица да извршат подигање на решенијата во законски предвидениот рок.