ИЗВЕСТУВАЊЕ
Почитувани сограѓани !
Општина Радовиш викендов ќе биде домаќин на две манифестации „Радовишки вински двор“ и „Меморијална Гитаријада“ кои ќе се одржат од 17-ти до 19-ти Јули на Плоштадот „Св.Спасо Радовишки“.
Нашите очекувања, со оглед на добрите временски услови, се дека ќе имаме голема посетеност на туристи, и за таа цел се воведува посебен режим на сообраќај на улиците во централното градско подрачје.
По тој повод, ги замолуваме сите учесници во сообраќајот на разбирање и воздржаност од користење на моторни возила во деновите од манифестацијата, со цел сите заедно да придонесеме за успешна организација и да ја прикажеме општина Радовиш како добар домаќин.
Со почит.