Денеска започна новата учебна година за нашите најмили – првоодделенците, кои за првпат ги отворија вратите на училиштето и го направија својот прв чекор во светот на знаењето.
По повод нивниот прв училишен ден, наставниците им приредија топло добредојде, а повозрасните ученици подготвија свечена програма исполнета со музика, дружење и убави изненадувања.
Срдечно добредојде и успешен почеток во прво одделение им посакаа градоначалникот на Општина Радовиш, Љупче Почивалец, секретарот на Општината, Спасија Ефнушева, како и директорите на училиштата во Општина Радовиш.
🌟 Ден исполнет со радост, насмевки и незаборавни први училишни спомени – спомени кои ќе останат засекогаш во срцата на нашите најмлади ученици.
📚 Среќно првачиња! Нека секој училишен ден ви биде исполнет со нови знаења, другарства и успеси!







