Денеска во Радовиш ни беа драги гости пријателите од Република Турција, претставници на збратимените општини со Општина Радовиш.
Имав чест да остварам средба со градоначалникот на Ташкопру, Исмаил Арслан, градоначалникот на Чинарџик, Авни Курт, градоначалникот на Чифлик кој Јалова, Адил Јеле, како и со советниците и претставниците од овие општини.
Нашите збратимени општини се многу повеќе од институционални партнери – тие се пријатели со кои нè поврзуваат традицијата, културата, меѓусебното почитување и искрената желба за соработка.
Разговаравме за досегашната соработка, размената на искуства и можностите за реализација на нови заеднички иницијативи кои ќе бидат од интерес за нашите граѓани.
Верувам дека ваквите средби дополнително ги зацврстуваат пријателските врски меѓу Радовиш и нашите збратимени општини од Турција и отвораат нови можности за идна соработка.


