Бул. „Александар Македонски“ бр. 7 – 2420 Радовиш • (+389) 32 617 700
Република Северна Македонија

Општина Радовиш

Новости

Oдржани 53. Карамановите поетски средби, една од културните манифестации со долгогодишна традиција

Oдржани 53. Карамановите поетски средби, една од културните манифестации со долгогодишна традиција

Во периодот од 18 до 22 ноември 2026 година, во Радовиш се одржаа 53. Карамановите поетски средби, една од културните манифестации со долгогодишна традиција, посветена на поезијата и книжевното творештво.

Настаните се реализираа на две локации – во Библиотеката „Браќа Миладиновци“ – Радовиш и Градската галерија, каде што во текот на петте дена љубителите на поезијата и културата имаа можност да проследат разновидна програма.

Во рамките на манифестацијата се одржаа поетско-музичкиот концерт „Синергија“, промоција на книгата „Граници од земја“ од Јовица Илиќ, како и тркалезна маса со средношколци посветена на животот и творештвото на Ацо Караманов.

Централната вечер се одржа на 20 ноември во Градската галерија, со свечено отворање и поздравно обраќање на градоначалникот на Општина Радовиш, Љупче Почивалец. Во рамките на вечерта беа доделени Интернационалната награда „Ацо Караманов“ за 2026 година на Предраг Бјелошевиќ за делото „Јаве, привид, меѓувреме“ и наградата „Караманов“ за 2026 година на Владо Јаневски за „Сизифовска пролет“. Настапија и поетите учесници на манифестацијата.

Програмата продолжи во библиотеката „Браќа Миладиновци“ со промоции на книги од домашни автори, меѓу кои и дела од Даниела Андоновска-Трајковска, Предраг Бјелошевиќ и Владо Јаневски. Во Градската галерија се одржа и доделувањето на наградите од конкурсот за детска поезија, проследено со поетски перформанс за деца.

Манифестацијата заврши на 22 ноември со завршна поетска средба, размена на впечатоци и предлози и испраќање на учесниците.

Со одржувањето на 53. издание, Радовиш продолжува да ја негува традицијата на Карамановите поетски средби, афирмирајќи ја поезијата, книжевното творештво и културното наследство.

Организатор на манифестацијата е Центарот за култура „Ацо Караманов“ – Радовиш, со поддршка на Министерството за култура  и Општина Радовиш.

 

 

 

 

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email